„Ме силуваа 3 часа“ – Потресно сведочење на шпанска блогерка која била нападната од 7 мажи додека кампувала во Индија
По ова тие го врзале Винсенте и му се заканиле со нож, а Фернанда била однесена во грмушките на 80 метри од него.
„Во грмушките ме соблекоа и ме силуваа. Постојано имаше по четворица со мене.
Кога врескав ме удираа по лицето. Ги молев да престанат, им понудив пари, да земат сѐ што имам.
Но, тие не дојдоа за да не ограбат. Не ги допреа мотоциклите, ниту пак ги зедоа парите од мојот паричник“ – раскажува блогерката.
По нападот, Фернанда и Винсенте биле пренесени во болница и на барање на властите ја избришале објавата на Инстаграм, но копии од видеото масовно се споделуваат на Твитер.
a travelvlog couple trying to visit every country in the world decided to go to India as their latest destination.
— pagliacci the hated 🌝 (@Slatzism) March 2, 2024
11 hours ago they announced they were at the hospital because he had been beaten up and she had been gang raped by 7 men. pic.twitter.com/WNSd21TUi5
Инаку, тие двајца во моментов се во безбедна куќа, а потоа ќе заминат во Непал, од каде ќе се упатат кон Шпанија.
Полициските власти соопштија дека уапсиле 4 од 7-те напаѓачи и дека момчињата што го извршиле нападот биле на возраст од 20 до 30 години.
По нападот тие се избришале со јакната на Фернанда, па врз основа на тоа полицијата успеала да обезбеди ДНК докази со кои полесно ќе може да ги идентификува напаѓачите.
Инаку Индија е една од земјите каде има многу голем број силувања.
Според официјалните податоци, секој ден во полицијата пристигнуваат пријави за околу 90 силувања дневно, а според статистиките, на секои 18 минути има по едно силување.
Б. С. Б. | Црнобело