„Ме силуваа 3 часа“ – Потресно сведочење на шпанска блогерка која била нападната од 7 мажи додека кампувала во Индија
- Детали
- понеделник, 04 март 2024
„Кога врескав ме удираа по лицето. Ги молев да престанат, им понудив пари, да земат сѐ што имам“ – 28 годишна шпанска патувачка блогерка го раскажува хоророт што го искусила во Индија, каде била силувана од седум мажи.
Светската јавност остана згрозена откако го слушна сведочењето на двајца шпански патувачки блогери, кои во Индија биле нападнати од 7 момчиња, а девојката била силувана повеќе од 3 часа.
Со видливи модринки на лицето и низ солзи, шпанските патувачки блогери Винсенте и Фернанда раскажаа дека имале хорор искуство додека патувале низ Индија.
Винсенте (63) бил претепан, а неговата партнерка Фернанда (28) била силувана од страна на седум мажи во Индија.
Шпанските блогери се заедно 9 години, а во изминативе 6 години заедно патувале низ целиот свет на мотор. Досега посетиле околу 66 земји, а на социјалните мрежи објавуваат видеа од нивните авантури и патувања.
Нивното последно патување почнало од Авганистан и требало да стигнат во Нов Зеланд, но во последниве 6 месеци тие престојувале во Индија каде доживеале трауматично искуство.
„Бевме на пат кон границата со Непал и веќе ја напуштавме Индија. Но, се стемни, па одлучивме да застанеме и да преспиеме во шатор.
Веќе бевме во шаторот кога тројца мажи дојдоа со два мотоцикли и почнаа да викаат по нас и да нѐ гаѓаат со камења.
Кога погледнав надвор, сфатив дека еден од нив носеше огромен нож во ракавот“ – раскажува Винсенте за шпанскиот весник El Mundo.
Кога излегле сфатиле дека надвор пристигнале уште 4 мажи. Винсенте и Фернанда брзо ги собрале своите работи и сакале да си заминат, а девојката зела една од шипките од конструкцијата на шаторот за да се одбрани.
„Додека се обидувавме да разговараме со нив и да ја смириме ситуацијата, тројца мажи ја грабнаа Фернанда, но другите четворица почнаа да ме тепаат.
Се бранев сѐ додека не ме удрија со камен во глава и не паднав во бессознание“ – раскажува тој.