Не зборува со Сури и не ја покани Никол Кидман на свадба – Синот на Том Круз живее повлечен живот во скиентолошката заедница
-->
Пред неколку години Конор пушташе музика во клубовите низ САД и работеше како диџеј, под името DJ C-Squared.
Тој проба да стане и актер, но се откажа од идејата, бидејќи, наводно, немал талент за глума. Се појави во два филма „Seven Pounds“ (2008) и во римејкот на „Red Dawn“ (2012).
Од 2019 година тој е во брак со Италијанката, Силвија Занки, која ја запознал во скиентолошката црква. Тие се венчаа тајно, а Конор не ја покани Никол на свадбата.
„Конор и Силвија живеат едноставен и мирен живот во Клиарвотер. Имаат свој дом во скиентолошката заедница и среќни се“ - рекол негов пријател за магазинот People пред неколку години.
-->
Конор обожава да лови риби, а специјалност му е риболов во длабоко море, па најчесто оди во риболов на сабјарки и туни.
Во 2021 година отвори профил на Инстаграм со совети за правење скара и тогаш објави дека сака да стане инфлуенсер кој ќе споделува рецепти за на скара. Неговиот профил го следат 5.300 луѓе.
-->
-->
Во февруари 2023 Конор се појави на ревијата на Diesel во Милано – ова беше едно од неговите ретки појавувања во јавноста.
-->
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де...
Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“
Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“
„Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја...
„Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г...
„Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“
„Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
-->