„Зошто е подобро да се биде мајка во Шпанија (и Македонија), отколку во САД?“
- Детали
- петок, 31 март 2023
„Ако во САД во 20 часот вашето дете е будно, може да ве наречат лоша мајка, но во Шпанија тоа не е важно. Може да бидете каде било и ако носите количка, вашето дете без проблем ќе си заспие“, вели Ана Гилдерслив од Шпанија и додава колку строго функционираат родителите во САД.
Ана Гилдерслив од Шпанија е мајка на две деца, која во последните 10 години живее во САД и вели дека родителството во САД е многу поздодевно и поизолирачко искуство од родителството во Шпанија.
Вели дека за оваа изјава била инспирирана откако неодамна сретнала американски пар кој живее во Шпанија и говореле за разликите во двете земји.
Ана прави споредба како изгледа родителството во САД, а како во Шпанија:
„Овој пар првото дете го добил во САД, а второто во Шпанија, па имаат искусено како е да се биде родител во двете земји.
Јас им кажав дека и јас го добив првото дете во САД и по мое мислење, да се биде мајка во САД е малку изолирачко искуство, затоа што не правев речиси ништо во текот на неделата - повеќето Американци ги оставаат активностите за социјализација за викендот.
На ова жената ми рече дека се согласува со мене и изјави: 'Мислев дека сум депресивна кога бев во САД, но јас само бев во погрешна држава...“
На ова Ана додава дека целото забавно време на Американците им е предодредено за викендите, додека, пак, во текот на седмицата се фокусирани на работата и родителството.
„Од понеделник до петок тие не се социјализираат со други луѓе. Од работа одат веднаш дома или ги носат децата на активности и потоа веднаш дома. Едноставно, минуваат премногу време дома“ - вели таа.
„Во Шпанија ние сме надвор цело време, од понеделник до петок, и сабота и недела. Кога децата ќе завршат со училиште одиме на најблиското игралиште и се социјализираме со други родители.
Ова е толку редовна практика, што на игралиштата има и кафулиња за и родителите да уживаат во кафе или чаша вино, гледајќи ги децата како си играат.“
Ана исто така вели дека не ѝ се допаѓа што во САД мора однапред да се закаже термин за децата да си играат со деца на пријатели, а некогаш тоа дури се прави и месеци однапред.
Но, за разлика од САД, во Шпанија договарањето оди многу полесно и треба само да пишете СМС порака на друг родител и тој ако е слободен со децата за 20 минути ќе дојде да се најде во парк со вас.
Најголем шок на Ана од родителството во САД е што родителите прекинуваат со што и да прават, колку и тоа да им е забавно, само затоа што нивните деца треба да бидат во кревет на пример во 19 часот.