Никола Пелц сака втора, полуксузна свадба, татко ѝ ги тужи организаторите на првата: „Беше хаос, има само лоши сеќавања“
- Детали
- среда, 01 март 2023
Според извор близок до Никола Пелц, младата и разгалена богаташка сака нова, уште пораскошна свадба со Бруклин Бекам бидејќи првата била „хаотична“ и ја потсетувала на стрес и тензија. Во меѓувреме, нејзиниот татко ги тужи организаторите на првата свадба, а тие, пак, ја тужат мајката на Никола за оштета. Па, се чини дека драмата со свадбата ќе трае уште долго.
Свадбата на Никола Пелц и Бруклин Бекам чинеше над 3 милиони долари. Но, Никола не била задоволна од церемонијата, па наводно сега сака уште една.
Никола и Бруклин се венчаа во април минатата година, а целото организирање било навистина стресно.
Покрај караницата помеѓу снаата и свекрвата за венчаницата, имало бројни други проблеми со организацијата, а таткото на Никола во еден миг сакал и да ја откаже свадбата.
Всушност, неодамна тој поднесе и тужба против организаторите на свадбата.
Сега, извор близок до Никола тврди дека таа сака втора свадба која ќе биде „среќна и позитивна“, бидејќи првата била стресна од почеток до крај.
„Целиот настан беше кошмар. Таа беше далеку од среќна со свадбата, имаше проблеми со тројца организатори“, вели изворот.
Поради ова, сега Никола си ја поврзувала свадбата со тензија и проблеми.
„Никола му рече на Бруклин дека свадбата уште има влијание врз нивната врска, па дури и дека ѝ е тешко да ги гледа свадбените фотографии. Едноставно, ја потсетуваат на целата драма, а и двајцата изгледаат многу напнато.
Па, сега разговараат за втора свадба на денот на годишнината. Никола сака нов фустан, нови фотографии и нов настан. И, без разлика на критиките, сака втората свадба да биде уште пораскошна“.
Според изворот, Никола била убедена дека втората свадба ќе го подобри и односот помеѓу неа и Викторија, но и ќе им овозможи „свеж почеток“ со Бруклин.
И покрај фотките кои покажуваат бајковита свадба, тужбата што ја поднел таткото на Никола е на дури 188 страници и покажува дека настанот бил далеку од совршен.
Имено, милијардерот ги отпуштил организаторите само три дена пред свадбата и сега барал да му го вратат депозитот од над 130.000 долари.
Организаторите, пак, ја тужат мајката на Никола за оштета.
Според нив, тие не се виновни за хаосот на свадбата – им биле дадени различни листи со гости, а Никола била „премногу зафатена“ за да се консултира со нив.
Всушност, тужбата, која вклучува и пораки помеѓу младенците и организаторите, покажуваат дека работите како цветни аранжамани, торти, па и сместување за гостите, не биле организирани до самиот крај.
Организаторите тврдат дека работеле по 17 часа дневно за да ги исполнат „нереалните барања на Никола“.
Истовремено, родителите на Бруклин, Викторија и Дејвид, не биле свесни за сите овие проблеми.
„Никола и нејзината мајка инсистираа дека Викторија не треба да знае за никакви грешки поврзани со планирањето на свадбата на син ѝ, вклучувајќи ги и грешките со листата со гости“, пишува во тужбата според Daily Mail.
Спирова С. | Црнобело