Никола Пелц продолжува со јавните обвинувања, а Викторија открива зошто плаче на ревијата во Париз: „За мене семејството е сѐ“ (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 31 октомври 2022
„Ниту едно семејство не е совршено“ – рече Никола Пелц за заладениот однос со свекрвата Викторија Бекам. Викторија пак, откри дека се расплакала на нејзината модна ревија во Париз кога видела дека конечно сите деца ѝ се тука.
Снаата на Викторија Бекам (48), Никола Пелц (27) продолжува со интервјуата во кои отворено говори за нејзиниот брак со Бруклин, но и за односот со нејзината славна свекрва.
Дејвид Бекам отворено побарал Никола да престане јавно да ја обвинува Викторија, но се чини дека таа нема намера да го направи тоа.
Никола даде ново интервју за The Times каде прокоментира дека е љубоморна кога другите девојки му се додворуваат на нејзиниот сопруг, а призна и дека ѝ годи кога Бруклин е љубоморен и посесивен.
„Мислам дека и двајцата сме посамоуверени во нашата врска. Ако некое момче ми се додворуваше пред да стапиме во брак тоа беше поголем проблем“ – рече таа и додаде дека според неа е „секси“ тоа што нејзиниот сопруг е многу заштитнички настроен кон неа.
Иако, навидум се помирија и одлучија да не говорат јавно повеќе за заладените односи, сепак Никола повторно се осврна и на недостатокот на комуникација помеѓу неа и нејзината славна свекрва Викторија.
Таа вели дека не станува збор за некаква расправија, како што тоа претходно се пренесуваше во медиумите, туку дека ателјето на Викторија не успеало да ја испорача венчаницата и тоа била доволна причина за тензиничниот однос меѓу нив две.
„Ниту едно семејство не е совршено“ – рече Никола.
„Не станува збор за расправија! Постојано го гледам тој збор: ‘расправија, расправија, расправија’. Мислам можеби другите забележаа нешто и сега велат дека е расправија.
Мислам дека сѐ започна затоа што не го носев фустанот од Викторија, но вистината е дека сакав да го носам и сметав дека е прекрасно тоа што мајката на Бруклин може да го направи тоа за мене.
Бев многу возбудена да го носам и на крај немаше ништо од тоа“ – рече Никола.
Актерката додава дека многу ја растажува тоа што чита дека не планирала воопшто да го носи фустанот.
Инаку на почетокот на месецот Викторија и Никола присуствуваа на модната ревија на Викторија во Париз и иако многумина коментираа дека најверојатно тоа ќе значи крај на лошиот однос, два дена потоа се појави ново видео во кое се гледа како Викторија се обидува да разговара со неа, а таа ладно ѝ врти грб.
Виктoрија неодамна прокоментира и зошто се расплакала во моментот кога излегла на модната писта во Париз, па рече:
„Ме совладаа емоциите во Париз. Планирав да излезам после ревијата и сакав одлична фотографија од моментот како чекорам на пистата. Но, во моментот кога го видов Дејвид и сите деца и мајка ми и сестра ми, само ме совладаа емоциите. Затоа што семејството ми значи сѐ“ – рече таа.
Видеото од целото гостување на Викторија кај Дру Бармор, каде откри зошто плачела на модната ревија:
По повод Ноќта на вештерките Никола и Бруклин се маскираа како Ромео и Јулија, а според некои магазини, тоа бил начин на кој славниот пар сакал да покаже дека нивните семејства се завојувани.
Б. С. Б. | Црнобело