Бруклин Бекам и Никола Пелц ставија крај на драмата со Викторија – се појавија на нејзината ревија по интервенцијата на Дејвид
- Детали
- сабота, 01 октомври 2022
Бруклин Бекам и Никола Пелц се појавија на модната ревија на Викторија во Париз, па веројатно ова е крајот на „војната“ која трае уште од април.
По интервенцијата на Дејвид Бекам, Никола Пелц и Викторија Бекам веројатно ги надминаа разликите и ставија крај на „војната“ која траеше уште од април, односно од свадбата на Бруклин и младата богаташка.
Викторија Бекам имаше модна ревија на Модната недела во Париз, а ги покани и Никола и Бруклин.
Беше неизвесно дали младиот пар ќе присуствува на настанот, но Викторија откри дека сепак биле на ревијата.
Дизајнерката сподели фотографија на Инстаграм на која покрај Дејвид, ќерката Харпер и синот Ромео, се гледаат и Бруклин и Никола. Со нив е и Ана Винтур, како и уредникот на британскиот Вог – Едвард Енинфул.
„Многу сум благодарна за моето семејство кое секогаш ме поддржува на ова патување“, стои во описот.
Според изворите на Daily Mail, семејството било во одлично расположение, а потоа сите заедно, вклучувајќи ги и Бруклин и Никола, отишле на забавата по ревијата.
Ова е можеби првпат парот да се појави во јавност со Бекамови, откако извори блиски до семејството споделија дека Бруклин ги нема видено родителите со месеци.
За потсетување, драмата помеѓу Викторија и Никола започна во периодот околу свадбата, поради венчаницата на младата наследничка.
Истовремено, некои извори тврдеа дека Викторија пробувала да ја засени Никола на свадбата, а ова ја разгневило девојката.
Додека Викторија не прозборе ништо за несогласувањата, Никола се обиде да ја раскаже нејзината страна во неколку интервјуа.
Во целата ситуација, Бруклин ја зазеде страната на Никола, па го влоши односот со неговите родители.
Работите ескалираа пред некој ден, по интервенцијата на Дејвид Бекам.
Наводно, фудбалерот бил разочаран од постапките на синот, се скарал со него и му рекол да стави крај на драмата.
Очигледно, Бруклин го послушал, па веројатно ова е крајот на неколкумесечните јавни „препукувања“.
Прочитајте повеќе: „Никој не знаеше која е додека не се омажи за Бруклин“ - Викторија Бекам гневна што снаата сака да гради слава на нивна сметка
Бекамови на Модната недела во Париз:
Спирова С. | Црнобело