Бил во депресија по разводот со бившата сопруга, го „наместиле“ со Клои Кардашијан – факти за Микеле Мороне, актерот од 365 Days
- Детали
- сабота, 01 октомври 2022
По разводот со сопругата паднал во депресија и не сакал да глуми, а една година пред да стекне светска слава работел како градинар за дневница. Вели дека Клои Кардашијан првпат во животот ја видел кога му рекле да се слика со неа во Милано – Факти за Микеле Мороне, заводникот од „365 Days“.
Микеле Мороне е италијанскиот заводник што ја толкува главната улога во филмот „365 Days“, а кого неодамна го поврзуваа и со ријалити ѕвездата Клои Кардашијан, откако тие двајцата заедно се појавија на црвен тепих во Милано.
Откако фотографиите почнаа масовно да се споделуваат во таблоидите и на социјалните мрежи, се огласи и актерот кој рече дека тоа било првпат во животот воопшто да ја види Клои и рече дека фотките биле направени на барање на ПР тимот на Dolce & Gabbana.
Во моментов Микеле важи за еден од најголемите заводници во филмската индустрија. Филмот „365 Days“ е огромен хит на стриминг платформата Netflix, иако според страницата за оцените Rotten Tomatoes има 0% позитивни критики.
Филмот е во полска продукција, а во него играат италијански актери што говорат на англиски јазик, а беше мошне критикуван затоа што промовира силување и насилство, со оглед на тоа што приказната се поврзува со кум на мафија кој киднапира една девојка и ја чува заклучена во неговата палата на една година, додека чека таа да се вљуби во него.
Сепак, иако се соочува со негативна критика, филмот му донесе инстантна слава на актерот, а тој вели дека е пресреќен заради вниманието што го добива.
Благодарение на улогата во филмот Микеле денес има над 15,5 милиони следбеници на Инстаграм, а сосема е јасно зошто и Клои Кардашијан сакаше да се фотографира со него во Милано.