Вирално видео од Ким со подзината уста откако Ана Винтур ладно ја одмина - дали секс-снимката ја чини изгубена репутација?
- Детали
- петок, 16 септември 2022
„Кога правиш секс снимка за да станеш славна, ќе те избегнуваат затоа што си се развела од човекот кој те направи тоа што си денес“ - твитерџиите се безмилосни откако на социјалните мрежи почна да се споделува видеото на кое Ана Винтур наводно ја избегнува Ким Кардашијан.
На социјалните мрежи масовно се споделува видеото на кое се гледа како главната уредничка на магазинот Vogue, Ана Винтур ја избегнува Ким Кардашијан.
Старлетата присуствуваше на пролетното шоу на Fendi за 2023-та година, а седеше веднаш до Сара Џесика Паркер.
Видеото што масовно се споделува покажува како Ана Винтур, која е позната како „ледена кралица“ во светот на модата, избегнува да се поздрави со Ким и веднаш ја прегрнува Сара Џесика Паркер.
Пред да им се доближи Ана, во видеото може да се забележи дека Ким оддалеку ѝ вели: „Здраво, како си?“, но Ана воопшто не ѝ одговара туку ја прегрнува актерката од „Сексот и градот“.
Видеото е кратко, но оние што го погледаа останаа збунети зошто Ана би ја игнорирала ѕвездата на реалното шоу Keeping With The Kardashhians, ако се земе предвид дека Ким досега повеќепати била на насловната страна на Vogue, а и тие двете важеа за добри пријателки.
Дополнително, Ким е препознатлива по своите впечатливи изданија на Мет Галата, настанот што секоја година е во организација на Ана Винтур.
„Леле,не сакаше ниту да ја погледне“, „На Ана повеќе ѝ се допаѓа модниот стил на Сара“, „Дури сега Ким сфати до кого седи“, „Ким се потсети на времето кога беше во сенка на Парис Хилтон“ – стои во дел од коментарите под видеото што е објавено на ТикТок.
@madamefigarofr #KimKardashian et #SarahJessicaParker côte à côte au premier rang du défilé @Fendi… saluées par #AnnaWintour à la fin du show ! #fendi #tiktokfashion #newyork #fashiontiktok #newyorkfashionweek ♬ son original - madamefigarofr
Твитерџиите пак се уште побезмилосни кон Ким, па дури и ја спомнуваат најновата изјава на Реј Џеј кој тврди дека мајка ѝ на Ким, Крис Џенер организирала да се сними секс снимката.
Сепак, можеби станува збор за нецелосно снимен момент и не знаеме што се случува подоцна. Што мислите вие? Како ви се чини ситуацијата?
Прочитајте и Бившиот на Ким Кардашијан со нови изјави за секс-снимката: „Мајка ѝ ја објави, сакаше Ким да биде славна како Парис Хилтон“
„Кога правиш секс снимка за да станеш славна, ќе те избегнуваат затоа што си се развела од човекот кој те направи тоа што си денес и си го заменила за да бидеш со некој помлад“ – стои во еден твит.
https://twitter.com/Chuckyiriz/status/1570475983253159936
Б. С. Б. | Црнобело