Сопругата на Бруклин прозборе за кавгата со Викторија, спорот е помеѓу двете семејства – што им пречи на Бекамови кај Пелц?

Никола Пелц откри што се случило помеѓу неа и Викторија, додека Бруклин тврди дека ситуацијата е под контрола. Но, изворите велат дека спорот не е само помеѓу Викторија и Никола, туку помеѓу двете семејства кои допрва треба да ги надминат нивните разлики.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-01.jpg

Пред венчавката на Бруклин Бекам и Никола Пелц, Викторија и нејзината снаа беа како најдобри пријателки. Но според гласините, самата венчавка го заладила односот помеѓу нив, наводно поради венчаницата на Никола.

Никола дури објави и фотка на Инстаграм на која плаче, а во описот вели дека нема да дозволи никој да ја контролира. Во описот таа не ја спомнува Викторија, но јавноста е убедена дека пораката се однесува токму на неа.

https://www.instagram.com/p/Cg5VGQUrHKO/

Сега, во интервју за Variety, Никола и Бруклин конечно прозбореа за целата ситуација.

Во интервјуто Никола потврдува дека проблемите навистина настанале поради венчаницата.

Односно, на венчавката Никола требаше да носи венчаница дизајнирана од Викторија, но на крај сепак облече фустан од друг дизајнер.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-06.jpg

„Навистина ќе ја носев и сакав да ја носам, но по неколку месеци Викторија сфати дека нејзиното ателје нема да може да ја заврши. Па, морав да одберам друг фустан.

Викторија не ми рече дека не може да го носам, а јас не реков дека не сакам да ја носам (венчаницата што ја дизајнираше таа). Тогаш почна сè“.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-02.jpg

Бруклин, пак, тврди дека нема проблеми помеѓу Викторија и Никола.

„Научив дека секогаш ќе се споделуваат такви гласини. Но, сите се сложуваат, што е добро“.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-09.jpg

Сепак, извори блиски до парот тврдат дека Никола и Викторија не се поднесуваат една со друга и воопшто не зборуваат.

„Тензијата до венчавката беше ужасна. Никола не сакаше Викторија да има никаков удел во планирањето, не сакаше да ја вклучи во ништо. Нивната комуникација беше сведена на минимум“.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-10.jpg

Исто така, некои извори тврдат дека спорот не е само помеѓу Никола и Викторија, туку помеѓу семејствата Бекам и Пелц.

„Викторија и Никола се само колатерална штета. Ова не е само поради две жени. Многу е очигледно дека има проблем помеѓу двете семејства. Едноставно, уште не можат да се поврзат“, вели извор на Page Six.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-11.jpg

Изворите истакнуваат и дека проблемите не се помеѓу децата, туку помеѓу нивните родители и истакнуваат дека таткото на Никола со задоволство им дава на Бруклин и Никола што и да посакаат. Подготвен бил дури и да им помогне (финансиски) да направат свои бизниси.

Исто така, буквално сè што се споделува во јавност е внимателно испланирано од родителите на Никола, а сето ова им пречело на Бекамови.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-12.jpg

„Постои причина зошто Бруклин и Никола сега се ’Пелц-Бекам‘. Сето тоа е брендирање. Мислам дека Никола и мајка ѝ смислуваат нови идеи, а бидејќи Нелсон (таткото на Никола) може да плати сè, се согласува со нив.

Но, Бекамови се старомодни. Тие веруваат дека секој сам треба да си го најде местото во светот. Иако секогаш ги поддржуваат нивните деца, го натераа Бруклин да работи во кафетерија за да го научат на работна етика и важните вредности“.

Изворот истакнува и дека помеѓу двете семејства има културолошки разлики кои допрва треба да се надминат.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-13.jpg

Во интервјуто за Variety, Никола и Бруклин зборуваат и за плановите да станат родители. Но, додека синот на Бекамови вели дека е подготвен уште веднаш да стане татко, Никола сака да почека.

„Не планираме да имаме деца во текот на следната година. Но, еден ден би сакале големо семејство – сакаме да имаме наши деца и сакаме да посвоиме“, вели таа.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-08.jpg

Бруклин открива и дека би сакал да напрват реално шоу во Никола:

„Секогаш ѝ велам на сопругата дека би сакал да направиме реално шоу бидејќи таа е многу смешна, и постојано се шегуваме еден со друг. Но, таа понекогаш не го разбира мојот британски хумор“.

nikola-pelc-prozbore-za-kavgata-so-viktorija-izvorite-tvrdat-deka-sporot-e-pomegju-semejstvata-viktorija-i-nikola-se-kolateralna-shteta-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg