Што ќе се случи ако Амбер Херд нема доволно пари за да му плати на Џони Деп?
Во изјавите по изречената пресуда поранешните сопружници воопшто не ги коментираа паричните износи што ќе треба да ги платат. Џони беше пресреќен што конечно вистината излегла на виделина, а Амбер, пак, е разочарана затоа што „насилството“ поминало неказнето.
Целосно облечена во црно и видно вознемирена, Амбер Херд ја проследи пресудата додека беше присутна во судницата, а Џони Деп кој во моментов е на турнеја со Џеф Бек и Сем Фендер во Лондон, се вклучи преку видео повик.
„Пред шест години, мојот живот, животот на моите деца и на оние што ми се најблиски, на луѓето што со години наназад ме поддржуваа и веруваа во мене, беше променет засекогаш само во еден миг.
Лажни, мошне сериозни криминални обвинувања беа изнесени во медиумите, што повлече огромен број негативни коментари и омраза, иако никогаш не бев обвинет. Во една нансоекунда сето тоа двапати го обиколу светот и предизвика сеизмички потрес на мојот живот и кариера.
По шест години, поротата ми го врати животот назад и навистина сум почестен. Најдоброто допрва почнува и новото поглавје во мојот живот започна. Veritas numquam perit (Вистината никогаш не умира)“ – се огласи Џони Деп на Инстаграм по изрекувањето на пресудата во која тој го доби судскиот спор за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.
Дел од медиумите објавија фотографии на кои се гледа дека Џони позитивниот исход од судењето го прослави во паб во Лондон заедно со пријателите.
Амбер Херд, пак од друга страна, се огласи на својот профил на Инстаграм и рече дека нема зборови за да го искаже разочарувањето од пресудата.
„Срцето ми е скршено затоа што големиот број докази не беа доволни за да се спротивстават на огромната моќ и влијание на мојот поранешен сопруг.
Уште повеќе сум разочарана од тоа што значи оваа пресуда за другите жени. Тоа е чекор наназад. Нѐ враќа во времето кога жените што отворено се спротивставуваат се јавно осудувани и понижувани. Нѐ враќа во времето кога насилството над жените не се сфаќаше сериозно“ – рече таа, која ја даде по изнесената пресуда, откако претходно најави дека планира на подолг период да се повлече од социјалните мрежи.
Адвокатката на Џони Деп, Камила Васкез беше забележително среќна од изречената пресуда. Таа се обрати пред новинарите и потенцира дека пресудата само го потврдува она што адвокатите го тврделе од почетокот, дека тврдењата на Амбер се клевета и дека не се поткрепени со какви било докази.
„Мошне сме благодарни на поротата за нивното внимателно просудување“ – рече адвокатката, за која во изминатиот период се шпекулираше дека можеби е во врска со Џони Деп.
Прочитајте и На судењето флертува со неа и ја допира по телото - Која е адвокатката на Џони Деп, со која наводно е во врска?
Б. С. Б. | Црнобело