Што ќе се случи ако Амбер Херд нема доволно пари за да му плати на Џони Деп?
- Детали
- четврток, 02 јуни 2022
Светот го обиколи веста дека по јавното судење што траеше околу 2 месеци Џони Деп конечно го доби спорот за клевета против поранешната сопруга, Амбер Херд, која треба да му исплати околу 8,35 милиони отштета. Но, дали Амбер има доволно средства за да му плати на Џони Деп?
Вчера (01.06) беше изречена пресудата за јавното судење помеѓу Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд, а беше утврдено дека Амбер извршила клевета во текстот што го објави во Washington post, каде иако јавно не го посочи името на нејзиниот поранешен сопруг, тврдеше дека била жртва на семејно насилство.
Амбер Херд ќе добие 2 милиони долари отштета за компензација за нејзината контратужба, што е многу помалку од 100-те милиони што таа ги бараше, а Деп, пак, иако првично бараше 50 милиони, сега ќе добие само 8 милиони.
На Амбер ѝ е изречена казна од 10 милиони долари, а со оглед на тоа што таа од Џони ќе добие 2 милиони, сумата што треба да ја плати се заокружува на вкупно 8 милиони. Дополнително, Амбер треба да плати казна на државата во износ од 350.000 долари.
Џони Деп, иако во последните 6 години загубил околу 650 милиони долари, се знае дека во моментов располага со богатство од околу 150 милиони долари, па така овие 2 милиони нема да му претставуваат огромен проблем.
Претходно, Амбер Херд во судницата призна дека парите од разводот со Џони Деп (7 милиони долари) не ги донирала во хуманитарни цели затоа што тој ја тужел и ја оставил без скршен денар.
Иако не е точно познато со колкаво богатство располага актерката (се шпекулира дека тоа се движи од 2 до 7 милиони долари), на судењето беше изнесено дека таа многу лошо располагала со парите во изминатите години, а скандалите имале огромен удар и врз нејзината кариера, по што може да се процени дека таа нема да има доволно пари за да ја плати отштетата.
Прочитајте и Огромен веренички прстен, две луксузни свадби, скандали и развод – Факти за бурната врска на Џони Деп и Амбер Херд
Според CBS News, во случај Амбер да не е во можност да ја плати отштетата, таа има неколку опции.
Да поднесе контратужба, но сепак ќе мора да остави депозит од вкупниот износ што треба да го плати (10.35 милиони) и да плаќа камата за задоцнување.
Од друга страна таа може да побара износот да го плаќа на рати, така што ќе остава процент од секоја идна заработка или, пак, да поднесе барање за банкрот.
Во овој случај, ако прогласи банкрот, актерката нема да биде должна да му плати на поранешниот сопруг 8 милиони, но ќе мора да плати 350.000 долари казна кон државата.
Од друга страна пак, Џони Деп е тој што ги држи конците во целата ситуација, затоа што тој може да ѝ го прости долгот и да не побара отштета.
Одбраната на Херд, најави дека актерката ќе се жали на пресудата, така што повторно ќе го избере најтешкиот пат.