Запознајте го синоокиот Италијанец, Симон Сусина - новиот заводник во филмот „365 Days“ (фото)
- Детали
- четврток, 28 април 2022
Темнокосиот италијански заводник со светли очи, на кој истакнатата вилична коска му е заштитен знак, е сон на многу жени. Симон Сусина се појавува во улога на секси градинар во филмот „365 Days: This Day“, кој сите го споредуваат со „Fifty Shades of Grey“. Тој блесна и на премиерата на продолжението од филмот...
Го гледавте ли филмот „365 Days“ – подеднакво возбудлив како и познатиот „Fifty Shades of Grey“?
Сега, Нетфликс го промовираше второто продолжение кое го носи насловот „365 Days: This Day“.
Сега, има нов лик и во улога на секси „мафијаш“ се појавува италијанскиот заводник Симон Сусина. Моделот и актер, кој со црната коса и светлите очи, важи за маж од соништата за многу жени, е дел од многу интимни и страсни сцени.
Кој е всушност Симон Сусина?
Италијански модел роден е 1993 година во Катанија, Италија.
Тој нема друго актерско искуство зад себе, но е многу познат во модниот свет. За неговата истакната вилична коска се вели дека е „смртоносно оружје“.
Во странските медиуми се пишува дека Симон е хомосексуалец, откако објави фотографија со Микеле Мороне, главниот лик од филмот „365 Days“ на која се прегрнати во разголено издание и со која поттикнаа гласини дека се во врска, но потоа негираа и нагласија дека се само пријатели и се сакаат како браќа.
Во минатото Симон е поврзуван и со низа прекрасни Италијанки.