Брус Вилис ќе се пензионира по дијагнозата - има болест што ја уништува способноста за говор и го оштетува мозокот

Семејството на Брус Вилис (заедно со неговата поранешна сопруга Деми Мур) соопшти дека за жал, актерот се повлекува од филмската сцена по дијагнозата со афазија – нарушување што го оштетува мозокот, ги намалува когнитивните способности и влијае врз способноста за говор.

brus-vilis-kje-se-penzionira-po-dijagnozata-so-afazija-bolest-shto-ja-unishtuva-sposobnosta-na-govor-i-go-oshtetuva-mozokot-01.jpg

Семејството на Брус Вилис, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, со Инстаграм објава откри дека актерот ќе се пензионира поради здравствени проблеми.

Според неговите колеги, Брус Вилис веќе неколку години се соочувал со проблеми на сетот и неретко ги заборавал дијалозите што треба да ги глуми, па доста често носел и слушалка со цел да го потсетуваат.

brus-vilis-kje-se-penzionira-po-dijagnozata-so-afazija-bolest-shto-ja-unishtuva-sposobnosta-na-govor-i-go-oshtetuva-mozokot-03.jpg

Семејството на актерот откри дека тој има афазија – нарушување што го оштетува мозокот и има влијание врз способноста за говор.

„Со неверојатните поддржувачи на Брус, ние како семејство сакавме да споделиме дека нашиот сакан Брус се соочува со здравствени проблеми и неодамна беше дијагностициран со афазија која ги нарушува неговите когнитивни способности. Како резултат на ова и по многу размислување, Брус се повлекува од кариерата што многу му значи.

Ова е навистина тежок период за нашето семејство и многу ги цениме вашите љубов, сочувство и поддршка. Го надминуваме ова како силно семејство и сакавме да ги вклучиме и неговите фанови бидејќи знаеме колку ви значи, како што и вие му значите нему.

Како што Брус секогаш вели, ’Уживајте‘, ние заедно планираме да го направиме токму тоа“, гласи изјавата.

View this post on Instagram

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

На крајот се потпишани ќерките на актерот – Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин – како и поранешната сопруга Деми Мур и сегашната сопруга Ема.

Болеста што ја има актерот, афазија, го оштетува мозокот и има влијание врз способноста за говор, но и пишувањето и разбирањето на јазикот.

Болеста настанува по мозочен удар или повреда на главата, а во некои случаи може да се појави од мозочен тумор или друга болест која го оштетува мозокот.

brus-vilis-kje-se-penzionira-po-dijagnozata-so-afazija-bolest-shto-ja-unishtuva-sposobnosta-na-govor-i-go-oshtetuva-mozokot-07.jpg

Не е познато како актерот ја добил болеста, но по изјавата на неговото семејство, извори блиски до него открија дека неговите симптоми биле воочливи веќе извесно време.

Наводно, болеста била „јавна тајна“ во Холивуд бидејќи на актерот му било тешко да глуми.

„Знаеја сите од филмската екипа. Актерот мораше да носи слушалки додека снимаше сцена преку кои му кажуваа што треба да каже. Беше навистина тешко да се снима со него“, открива неименуван извор.

brus-vilis-kje-se-penzionira-po-dijagnozata-so-afazija-bolest-shto-ja-unishtuva-sposobnosta-na-govor-i-go-oshtetuva-mozokot-09.jpg

Според изворот, последните неколку филмови морале да се снимаат во близина на домот на Вилис за да му се олесни патувањето до филмскиот сет.

Наводно, поради тешкотиите со коишто се соочувал актерот, во еден од филмовите искористиле и двојник со цел Брус да има повеќе сцени.

За друг филм, пак, му го преполовиле бројот на сцени бидејќи актерот успеал да се појави на снимање само три дена.

„Стануваше многу очигледно дека има проблеми… повеќе не можеше да глуми“, вели изворот.

brus-vilis-kje-se-penzionira-po-dijagnozata-so-afazija-bolest-shto-ja-unishtuva-sposobnosta-na-govor-i-go-oshtetuva-mozokot-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...
Како изгледаат денес најголемите холивудски заводници од 1980-тите? Ричард Гир, Метју Бродерик – како изгледаат и што прават денес актерите кои важе...
По смртта на сопругата, немал ниту една врска: Трагичниот живот на Лиам Нисон Негова пријателка била силувана, се откажал од сонот да стане боксер поради потр...
Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсе... На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg