Џанлука Ваки и Шерон Фонсека објавија фотки од породувањето + емотивни исповеди за роденденот на ќерката
- Детали
- четврток, 28 октомври 2021
„Блу Јерузалема, сега знам зошто те чекав толку долго. Ремек делата доаѓаат само по долги патишта и ги чекаш толку долго затоа што се уникатни и имаат огромно влијание врз твојот живот“, напиша Џанлука Ваки за својата ќеркичка, која ја доби на 53 години, со 28 години помладата девојка Шерон.
Џанлука Ваки и Шерон Фонсека го прославија првиот роденден на нивната ќерка Блу Јерузалема. Тие неретко истакнуваат дека таа е целиот нивен свет, а сега искрено и од душа открија колку всушност им значи.
Џанлука за својата мала наследничка напиша:
„Ти пристигна во нашите животи како ангел и ја промени перспективата на целиот наш свет. Сега знам зошто те чекав толку долго.
Ремек делата доаѓаат само по долги патишта и ги чекаш толку долго затоа што се уникатни и имаат огромно влијание врз твојот живот.
Те сакам моја принцезо, ништо не е како претходно и живеам за секој твој здив. Среќен роденден Блу Јерузалема.“
Објавата на неговата партнерка Шерон Фонсека гласи:
„Нашата принцеза од соништата, така те викаат тато и мама, затоа што ти си нашата бајка. Ти го осветлуваш нашиот свет. Ти ги исполнуваш нашите души со најчиста љубов која може да постои и ни покажа една прекрасна, ранлива, специјална авантура.
Ти си силна, храбра и брилијантна како сино небо полно ѕвезди, моето небо. Ти ме научи повеќе за една година, отколку што научив за цел живот.
Секогаш ќе те сакам. Сега и засекогаш. Мојата Блу Јерузалема, среќен роденден.“
С. С. | Црнобело