Адел во кожен костим на кошаркарски меч со дечкото - никогаш посамоуверена и посекси
- Детали
- среда, 20 октомври 2021
Кога беше во брак со Сајмон Конеки, Адел изгледаше сосема поинаку, сега блеска од самодоверба на кошаркарски меч со дечкото за кој вели дека е многу забавен и паметен.
Адел (33) се состанува со 39-годишниот агент за спортисти Рич Пол, а парот ја обелодени својата романса во јули годинава, иако всушност заедно се од мај.
Парот беше фотографиран на кошаркарски меч во Лос Анџелес.
Адел изгледа самоуверено и заводливо во кожен костим и високи потпетици.
Неодамна во интервју за Vogue Адел го опиша Рич како прекрасен, неверојатно забавен и многу паметен и дека воопшто не е „преплашен“ од нејзината глобална слава.
Парот често е фотографиран заедно:
Како изгледаше сопругот на Адел, Сајмон Конеки:
С. С. | Црнобело