Што прави Меган Фокс (35) за да изгледа совршено и по 3 бремености?
- Детали
- недела, 17 октомври 2021
Строг режим на исхрана, редовните вежби и цврстиот карактер се клучни за совршената форма на холивудската актерка Меган Фокс. Што прави таа за да изгледа совршено?
Меган Фокс и нејзиното момче Машин Ган Кели во последно време го привлекуваат вниманието на јавноста со нивните појавувања на црвениот тепих, а речиси сите коментираат за идеалната фигура на актерката.
Без разлика дали ќе се појави во сосема проѕирен фустан, во црна или црвена тоалета, Меган Фокс (35) изгледа одлично, а веројатно ретко кој би претпоставил дека родила три деца.
Кои се „тајните“ за совршениот изглед на Меган Фокс?
Во однос на исхраната, Меган во една прилика кажа дека не консумира бела и процесирана храна.
„Ги исфрлив сите видови на тестенини или јаглехидрати од исхраната. Не јадам крекери, переци, чипс или што било друго што не е здраво. Единственото нешто што не е здраво, а што го консумирам е едно кафе дневно“ – вели таа.
Нејзината диета во главно се состои од јапонска храна, белки од јајца, лосос и смути.
Таа никогаш не го прескокнува појадокот, а речиси секогаш за појадок зема белки од јајца, бадеми и овесна каша.