Ноле: Ќе имам многу деца!
- Детали
- понеделник, 20 јуни 2011
Новак Ѓоковиќ напредува на професионален план, а е и миленик на многумина низ светот. Иако во цутот на кариерата, тој не е кариериста по секоја цена.
Неодамна изјави дека сака семејство и многу деца.
„Полека, чекор по чекор... Неописливо голема желба ми е еден ден да станам фамилијарен човек и да имам многу деца. Тоа е најголемото богатство во кое човек може бескрајно да ужива.“ – изјави Новак кој и овој пат не демантираше дека се верил со својата долгогодишна девојка Јелена, за која вели дека му е голема животна поддршка.
„Таа се навикна на се. Јелена знае каква е мојата работа. Таа е изградена личност, магистер по економија. Сега го подготвува докторатот, има своја работа и нејзината несебична поддршка ми значи многу!“ – нагласува Ноле.