„Ние сме жени со облини и целулит“ – како Камила Кабејо ги замолчи сите кои ја критикуваа за опуштеното стомаче? (видео)

Откако беше критикувана за опуштеното стомаче додека трчала, Камила Кабејо направи ТикТок видео со кое ги замолчи сите кои се осмелија да кажат нешто лошо за нејзиното тело, нагласувајќи дека реалните жени имаат и стомаче и целулит и стрии.

nie-sme-zheni-so-oblini-i-celulit-kako-kamila-kabejo-gi-zamolchi-site-koi-ja-kritikuvaa-za-opushtenoto-stomache-video-0.jpg

Камила Кабејо се најде на мета на критики поради изгледот на нејзиното тело, но младата пејачка ги замолчи сите со ТикТок видео во коешто е брутално искрена.

Пред неколку недели, 24-годишната пејачка беше фотографирана додека пешачи и трча во парк, облечена во хеланки и спортски градник. Она за коешто „се фати“ јавноста е нејзиното стомаче, кое според коментарите на многу луѓе, било „многу големо“.

nie-sme-zheni-so-oblini-i-celulit-kako-kamila-kabejo-gi-zamolchi-site-koi-ja-kritikuvaa-za-opushtenoto-stomache-video-02.JPG

Пејачката често е критикувана за изгледот на нејзиното тело, но овојпат реши да прозбори за тоа, во видео во коешто е брутално искрена.

Во видеото Камила ја носи истата облека како и на папарацо фотките и вели дека веќе е застарено да се срамите од своето тело:

„Си трчав во паркот и си ја гледав својата работа, обидувајќи се да бидам фит, обидувајќи се да бидам здрава. И, носам спортски градник што ми го открива стомакот кој не ми беше собран…“, почнува видеото.

Тогаш пејачката ја врти камерата кон нејзиното стомаче и гордо го покажува.

nie-sme-zheni-so-oblini-i-celulit-kako-kamila-kabejo-gi-zamolchi-site-koi-ja-kritikuvaa-za-opushtenoto-stomache-video-04.JPG

„…бидејќи трчав и постоев како нормална личност која не си го собира стомакот постојано. Си реков ’Леле‘, но потоа се сетив дека е застарено да си го мразите телото.

Благодарна сум на моето тело што ми овозможува да правам што треба да правам. Ние сме реални жени со облини и целулит и стрии и масни наслаги. И мора гордо да си го носиме тоа!“

@camilacabello

i luv my body

♬ original sound - Camila Cabello

Камила има зборувано на истата тема неколкупати, најмногу бидејќи самата често се соочува со критики.

На објава од 2019-та на Инстаграм Стори која привлече многу внимание, таа изјави дека ниту едно тело не е совршено, но дека е загрижена за младите девојки кои се обидуваат да достигнат нереални стандарди за убавина.

Таа нагласи дека го дава најдоброто од себе за да им ги објасни овие нешта на младите девојки, како сестра ѝ, кои постојано се изложени на фотки од социјалните мрежи.

„Постојано гледаат фотошопирани фотографии и мислат дека се реални и одеднаш сите почнуваат да веруваат дека тоа што го гледаат онлајн е нормално. Тие не се реални, тоа е лага. Имаме нереална замисла за женското тело. Девојки, целулитот е нормален. Масните наслаги се нормални. Убави се и природни“.

nie-sme-zheni-so-oblini-i-celulit-kako-kamila-kabejo-gi-zamolchi-site-koi-ja-kritikuvaa-za-opushtenoto-stomache-video-03.JPG

Позитивниот став на Камила за нејзиното тело оставил голем впечаток и кај нејзиното момче Шон Мендез:

„Таа е толку силна и толку самоуверена кога станува збор за нејзиното тело. Толку е сочувствителна и кон другите што навистина ми ја промени перспективата“.

nie-sme-zheni-so-oblini-i-celulit-kako-kamila-kabejo-gi-zamolchi-site-koi-ja-kritikuvaa-za-opushtenoto-stomache-video-06.JPG

Повеќе фотки од Камила на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...
Шон Пен и новата 34 години помлада девојка критикувани од јавноста: „Одвратно, некои би направиле сè... Новата девојка на Шон Пен е помлада од неговите деца, а поради фотките на кои ст...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg