Холивудскиот заводник Брендан Фрејзер некогаш сам ги снимаше каскадерските сцени - денес е непрепознатлив
- Детали
- вторник, 22 јуни 2021
Актерот што некогаш сам ги изведуваше каскадерските сцени сега е сосема непрепознатлив. Тој неодамна се појави на филмска премиера и ги шокира сите со изгледот. Како холивудскиот заводник поради бројните повреди стана сосема непрепознатлив?
Ѕвездата на филмската трилогија „Мумија“ и на филмот „Џорџ од џунглата“ неодамна се појави во јавност и ги шокира сите со непрепознатливиот изглед. Актерот што во периодот од 1999-тата година до 2008-мата ја толкуваше улогата на авантуристот Рик О Конол кој се бореше со мумии, сега во целост го променил изгледот за потребите на неговиот најнов филм „Китот“ (The Wale).
Брендан Фрејзер го заврши снимањето на најновиот филм на Дарен Аронофски The Whale во април годинава, каде ја толкуваше улогата на Чарли – човек со тежина од 270 kg. Филмот ги следи обидите на Чарли повторно да ги обнови односите со 17-годишната ќерка. Таткото и ќерката изгубиле контакт откако тој го напуштил семејството за да живее со неговиот љубовник, но по смртта на љубовникот почнува прекумерно да јаде.
Актерот во петокот (18.06) се појави на премиерата на филмот No Sudden Move на Стивен Соденберг каде ги шокира сите со огромните промени во изгледот.
Инаку, 52-годишниот актер претходно говореше за проблемите со килограмите што следеа по неколкуте операции што му беа направени и коишто ставија „кочница“ на неговата холивудска кариера.
Актерот беше познат по тоа што сам ги изведуваше своите каскадерски движења во акциските филмски хитови од почетокот на новиот милениум, но тоа само по себе си зема данок и го наруши здравјето на актерот. Тој седум години помина во и надвор од болници, а му беше направена замена на дел од коленото, операција на гласните жици и отстранување на коскен слој од прешлените на ’рбетот поради што и качил повеќе килограми.
Во последните години, некогашниот холивудски заводник доживеа значителен пад во кариерата, па така од играњето главни улоги во филмски мега-хитови, почна да се појавува како помошен актер во телевизиски серии како драмата The Affair (2016 до 2017) и серијалите со супер-херои Doom Patrol (од 2019 до денес).
Инаку филмот The Whale е филмска адаптација на истоимената претстава на Семјуел Д. Хантерс и истовремено е прв филм на познатиот режисер Аронофски по неговиот неуспех со филмот Mothers од 2017-тата година. Под неговата палка беа снимени филмовите Requiem for a dream, The Fountain, Black Swan, Pi и други.
Б. С. Б. | Црнобело