„Ти си гордост на тато!“ – Најстариот син на Кристијано Роналдо наполни 11 години
- Детали
- четврток, 17 јуни 2021
Кристијано Роналдо Џуниор, најстариот син на познатиот фудбалер, денес полни 11 години, а татко му му чесита со Инстаграм објава. До денес, јавноста уште не знае која е неговата биолошка мајка.
Најстариот син на Кристијано Роналдо денес полни 11 години, а гордиот татко го одбележа денот со објава на Инстаграм.
Кристијано Роналдо Џуниор е роден на 17 јуни 2010 година, а до денес не е познато која е неговата мајка.
Фудбалерот му го честита 11-тиот роденден на најстариот син со Инстаграм објава.
„Честитки, љубов моја. Ти си гордост на тато. 11 години многу радости и насмевки! Секогаш да се бориш за своите соништа. Многу те сакаме“, стои во описот.
Покрај Кристијано, фудбалерот има и три други деца. Во 2017-та тој откри дека ги добил близнаците Ева и Матео со сурогат мајка, a истата година, со сегашната партнерка Џорџина Родригез ја доби и ќерката Алана.
Како што напоменавме, идентитетот на мајката на Кристијано Роналдо Џуниор е непознат, а постојат гласини дека фудбалерот ѝ дал околу 10 милиони долари. Еднаш Роналдо прозборе за мајката на најстариот син во интервју со познатиот водител Џонатан Рос:
„Луѓето шпекулираат дека сум бил со оваа девојка, или со некоја друга, па дури и дека станува збор за сурогат мајка. На никој му немам кажано која е, ниту ќе кажам. Кога Кристијано ќе порасне, ќе му ја кажам вистината бидејќи ја заслужува, бидејќи ми е син. Но, нема да ѝ кажам на јавноста само затоа што луѓето го сакаат тоа“.
Спирова С. | Црнобело