Страда од вулводинија и отворено зборува за тоа – Која е Џорџа Солери, девојката на Дамиано Давид?
- Детали
- петок, 28 мај 2021
22-годишниот Дамиано Давид или „лошото момче“ од Евровизија како што го нарекуваат, кое дефинитивно ја размрда Европа, овие денови ги живее своите 5 ѕвездени минути на слава.
И покрај скандалот со наводното консумирање на наркотични супстанции во бекстејџот за време на Евровизија, по доброволното тестирање од негова страна, резултатите се негативни, што значи дека Давид беше неправедно обвинет.
Во меѓувреме, многубројни комплименти беа упатени на адресата на младиот, шармантен и харизматичен Давид, но тој очигледно не е сингл. Наводно, фронтменот на рок групата Måneskin е во 4-годишна врска со 25-годишната Џорџа Солери, италијански модел и инфлуенсерка.
Но, која е Џорџа?
Таа работи како модел и инфлуенсер, ја следат над 207 илјади обожаватели на Инстаграм, а е особено храбра и отворена кога станува збор за својот изглед, своето тело како и здравствените проблеми со кои се соочува.
Џорџа страда од вулводинија, хронична болка, слична на онаа што ја чувствувате кога ќе се изгорите, локализирана во областа на вагиналниот отвор. Непријатноста и иритацијата се толку непријатни што долгото седење или пак сексуалниот однос се незамисливи. Отсуството на видливи знаци или пак срамот кај жените резултира во недобивање соодветна помош.
„Тие не нè слушаат и ние сме сами во страдањата“, напиша таа на Инстаграм.
Џорџа изгледа фантастично, но е доказ дека никој не е совршен и дека сите на крајот од денот сме само обични луѓе кои се соочуваат со своите проблеми, што ги натера обожавателите да ја засакаат уште повеќе. Веројатно и Дамиано го мисли истото.
Погледнете како изгледа неговата сензуална убавица:
(О)Милена | Црнобело