Адел објави ретки фотки од себе откако ослабе – без грам шминка го одбележа 33-иот роденден
- Детали
- четврток, 06 мај 2021
Иако ослабе околу 45 килограми и целосно го трансформираше своето тело, Адел ретко се фали со новата фигура на Инстаграм, но за 33-иот роденден ги почести фановите со неколку фотки од себе.
Адел полека но сигурно успеа да се ослободи од вишокот килограми и ги шокираше фановите кога се појави со драстична промена во нејзиното тело, па сега почесто ја гледаме во сосема природно издание.
Пејачката изгуби околу 45 килограми и целосно го промени својот изглед, но сепак, ретко се фали со својата нова фигура на телото, за разлика од други ѕвезди кои го полнат својот Инстаграм профил со фотки од себе.
По повод 33-иот роденден, Адел ги почести фановите со неколку фотки во најприродно издание.
Првата фотографија е црно-бел портрет на пејачката каде се појавува без грам шминка, втората е од неа додека плива и на третатата ја гледаме како танцува.
Интересно е тоа што до фотографиите таа стави потпис: „Thirty Free“ (Триесет Слободни), посебно ако се земе предвид дека таа неодамна го финализираше и разводот со нејзиниот сопруг Сајмон Конеки.
Пејачката иако ужива светска слава, таа е личност што е позната по тоа што својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста.
Неодамна имавме ретка можност да ја видиме како се забавува на приватна забава по доделувањето на Оскарите.
Видеата од забавата веднаш станаа вирални, како поради тоа што Адел е сосема непрепознатлива откако се ослободи од вишокот килограми, така и затоа што ова беше првпат да ја видиме во едно опуштено и безгрижно светло.
Последниот јавен настап на Адел беше во октомври 2020-тата година кога беше домаќинка на Saturday Night Live за првпат.
Инаку, додека обожавателите со нетрпение го очекуваат четвртиот студиски албум на Адел, дел од медиумите пишуваа дека таа има намера да ја пренасочи кариерата во друг правец и да се испорба како актерка.
Б. С. Б. | Црнобело