„Ми недостасува да засмејувам луѓе“ – Ќеркичката на Криси Тајген се крие под фустанот на мама

Криси Тајген се појави во гламурозен фустан со длабоко деколте и долга наметка која се влече, на Global Citizen’s VAX Live concert во неделата, но никој не очекуваше дека нејзината ќерка Луна ќе го украде вниманието.

Mi-nedostasuva-da-zasmejuvam-lugje-Kjerkickata-na-Krisi-Tajgen-se-krie-pod-fustanot-na-mama-01.jpg

Ќерката на Криси Тајген и Џон Леџенд, Луна (5), покажа дека уште од мала знае како да го украде вниманието, па така на црвениот тепих додека мајка ѝ позираше пред камерите, таа се појави од под долгиот плашт на портокаловата тоалета.

Mi-nedostasuva-da-zasmejuvam-lugje-Kjerkickata-na-Krisi-Tajgen-se-krie-pod-fustanot-na-mama-02.jpg

Луна беше облечена во розево фустанче и бели сандали, а околу вратот можеше да се забележи и ВИП пропусница. Додека мајка ѝ гордо позираше, Луна рипна од под плаштот и побегна.

Mi-nedostasuva-da-zasmejuvam-lugje-Kjerkickata-na-Krisi-Tajgen-se-krie-pod-fustanot-na-mama-03.jpg

Како што пишува Page Six, зад сцената Луна имала задача да го држи долгиот плашт од фустанот на мама за да не се влече по подот. Па така, досетливото девојче го искористило моментот па се скрило под плаштот и излегло заедно со мајка му.

„Навистина ми беше чест да го з**бам текстот пред 20.000 луѓе. Ми недостасуваше тоа. Многу ми недостасуваат луѓето. Ми недостасува да ги засмевам луѓето. Мојата цел. Оваа недела го научив зборот „mudita“ – сочувствително задоволство, задоволство од тоа да им даваш на другите задоволство. Ова сум јас. Ова е моето задоволство!“ – напиша таа до фотографиите што ги сподели на Инстаграм од настанот.

Инаку, Тајген за последен пат на црвениот тепих имавме можност да ја видиме пред една година на Vanity Fair Oscar Party, каде се појави заедно со нејзиниот сопруг и таткото на Луна, музичарот Џон Леџенд.

Мора да признаеме дека годинава заедно со Луна успеаја да ја остварат својата цел и да нè насмеат. 

Mi-nedostasuva-da-zasmejuvam-lugje-Kjerkickata-na-Krisi-Tajgen-se-krie-pod-fustanot-na-mama-04.jpg

Mi-nedostasuva-da-zasmejuvam-lugje-Kjerkickata-na-Krisi-Tajgen-se-krie-pod-fustanot-na-mama-00.jpg

Mi-nedostasuva-da-zasmejuvam-lugje-Kjerkickata-na-Krisi-Tajgen-se-krie-pod-fustanot-na-mama-0.jpg

 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg