Адел драстично ослабена и непрепознатлива - ужива на забавата по Оскарите (фото+видео)
- Детали
- среда, 28 април 2021
Адел е сингл, слободна и безгрижна и мора да признаеме дека изгледа сосема поразлично од минатото. На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии од забавата по Оскарите кај Даниел Калуја, на која присуствуваше и британската поп ѕвезда.
Сè уште сите се во шок кога ќе го видат новиот изглед на Адел. Не само што е „тазе сингл“, туку таа драстично го промени својот изглед откако се ослободи од вишокот килограми.
Адел неодамна се разведе од сопругот Сајмон Конеки (со кого тајно стапи во брак во 2017-тата година), а пејачката што ретко ги полни таблоидите со озборувања и сочни детали, на забавата можеме да ја видиме во поинакво, безгрижно издание.
Актерката Амбер Чардае Робинсон на Инстаграм објави селфи со 32-годишната пејачка од забавата што се случуваше по доделувањето на Оскарите.
Други присутни споделија видео од пејачката како стои настрана од другите гости, во близина на шанкот со пијалак во рацете. Видеото е насловено: „Адел рече социјално дистанцирање“.
https://www.instagram.com/p/COKNTOkCDno/
Пејачката, која инаку е мајка на едно дете, изгледа непрепознатливо во жолтиот блејзер со лелеави ракави. Адел многу ретко објавува фотки на социјалните мрежи, па ова е навистина ретка можност да ја видиме нејзината трансформација.
Забавата се оддржуваше до домот на Даниел Калуја, кој го доби својот прв Оскар во неделата во категоријата најдобар спореден актер, за неговата улога на Јуда во филмот Black Messiah.
Инаку, додека сите нетрпеливо го очекуваат четвртиот студиски албум на пејачката, се појавија шпекулации дека таа најверојатно има намера да се реализира и како актерка и дека ќе се обиде да го освои Холивуд.
https://www.instagram.com/p/COKIlKLluIT/
https://www.instagram.com/p/COJ6YNIlHel/
Б. С. Б. | Црнобело