Како Кејт Мидлтон докажа дека може да биде камен темелник на монархијата, на погребот на принцот Филип?
- Детали
- понеделник, 19 април 2021
Таа пристигна во Виндзор гледајќи директно во камерата, смирена и сериозна, беспрекорно стилски облечена. Се движеше грациозно, достојно на една идна кралица.
Кејт Мидолтон на погребот на принцот Филип повеќе од кога било докажа дека е беспрекорен припадник на кралското семејство, кое со правo ја заслужува секоја титула, па и тоа да биде кралица еден ден, кога принцот Вилијам ќе стане крал.
Таа пристигна во Виндзор гледајќи директно во камерата, смирена и сериозна, беспрекорно стилски облечена. Смирена и прибрана, се движеше грациозно, како што прави секогаш.
Докажа дека знае како да се однесува во секоја пригода. Вистинска дама која во текот на изминатите години секогаш зрачеше со микс на топлина и дискреција, беше дел од кралскиот живот без премногу да се изложува себеси или своето семејство, туку токму онолку колку што е потребно.
Но, на погребот на принцот Филип таа ги надмина дури и нејзините високи стандарди. Не беше само до позите, држењето и стилот, туку се покажа како светлина во најтемните часови.
Нејзината милост и чувство за должност, заедно со одлучноста да остави зад себе сѐ што беше недоразбирање со принцот Хари и Меган и што фрли негативно светло врз неа, ја направија уште еднаш совршен кралски припадник.
Таа секогаш го прави тоа што е најдобро за нејзиниот сопруг и семејството, па дури и измазнување на тензиите помеѓу двајцата браќа.
Кејт чекореше со високо крената глава и одново ја подаде раката на пријателството кон Хари вклучувајќи го во сите разговори.
Не се знае дали Вилијам и Хари ќе успеат да ја срушат создадената бариера помеѓу нив, но веруваме дека Кејт ќе даде сѐ од себе за тоа да се случи. Таа секогаш ја гледа големата слика и среќата на сите, за сметка на личната сатисфакција.
Тивката и искрена Вовјотка од Кембриџ уште еднаш покажа дека има добро срце и дека може да биде камен темелник на монархијата.
Прочитајте и Погребот на дедо Филип ги зближи повторно – Браќата Хари и Вилијам заедно со Кејт како во старите времиња
Повеќе фотки од Кејт:
С. С. | Црнобело