На Џони Деп му е одбиена жалбата против магазинот кој го нарекува „тепач на жени“ – ќе успее ли да ја спаси кариерата?

По отказот од франшизата „Фантастични ѕверови“ се чини дека работите не одат во нагорна линија за светски познатиот актер.

na-dzoni-dep-mu-e-odbiena-zalbata-vo-sudskiot-proces-za-kleveta-kje-uspee-li-da-ja-spasi-karierata-1.jpg
фото извор: AP

Џони Деп нема да добие нова шанса да се појави на суд. На актерот му е одбиена жалбата во судскиот процес за клевета во Обединетото Кралство против издавачот на „The Sun“, „News Group Newspapers“.

Светски познатиот актер се обидуваше да поднесе жалба сè до одлуката со која судијата Ендру Никол пресуди дека таблоидот бил праведен кога за него пишувал дека е „тепач на жени“, при што кажа дека пресудата е „во целост точна“ во поглед на неговата врска со поранешната сопруга Амбер Херд.

Оваа пресуда денес само беше потврдена од Апелациониот суд во Обединетото Кралство.

Секако, ова е голем удар за актерот. По првичните судења, тој беше отпуштен од франшизата „Фантастични ѕверови“ на Варнер Брос и заменет од страна на Мадс Микелсен, а „епитетот“ доделен од британскиот магазин најверојатно ќе се повторува и на судските рочишта за клевета против Амбер Херд, што треба да се одржат следната година.

na-dzoni-dep-mu-e-odbiena-zalbata-vo-sudskiot-proces-za-kleveta-kje-uspee-li-da-ja-spasi-karierata-02.jpg

Херд и Деп се договорија околу разводот во вонсудска парница и актерот досега не бил криминално гонет за тврдењата на неговата поранешна сопруга иако таа тврдеше дека стравува за сопствениот живот и дека актерот еднаш го отсекол прстот и пишувал со сопствената крв на ѕидот.

Деп пак, обратно тврдеше дека Херд била насилна и дека таа му го исекла прстот со шише од виски за време на караница.

Деталите од оваа бурна разделба постојано се провлекуваат во светските таблоиди уште откако двојката се раздели во 2016-тата година кога Херд за првпат го обвини актерот дека тој бил насилен и дека ја удрил неколкупати, а се однесувал како „чудовиште“ кога бил под дејство на алкохол и наркотици.

По 16-дневното судење, судијката пресудила во корист на Амбер, обвинувајќи го актерот дека ја удрил неколкупати додека беа во брак.

Прочитајте и Таа извршила нужда во кревет, тој со урина го испишал нејзиното име на ѕид - Најбизарните моменти од бракот на Џони Деп и Амбер Херд

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg