Кајли Џенер ја покажа одблиску големата лузна на ногата - ја добила во детството
- Детали
- вторник, 16 март 2021
Кајли Џенер сподели видео на Инстаграм Стори на кое гордо ја покажува големата лузна на ногата што ја добила во детството, притоа нарекувајќи ја нејзин „лојален пријател“.
Без разлика дали позира за на Инстаграм или се појавува на некој настан, факт е дека Кајли Џенер секогаш изгледа совршено. Па, навистина е интересно кога ќе сподели нешто што докажува дека и таа е само човек, со бројни недостатоци.
Kајли Џенер и претходно има зборувано за нејзината голема лузна што ја добила во детството и обично не ја крие на рекламните кампањи, ниту на нејзините Инстаграм објави, а сега реши да ја покаже и одблиску.
Додека ги гледаше Греми наградите со ќерка ѝ Сторми, 23-годишната Кајли сподели видео на Инстаграм Стори на кое ја покажува големата лузна на нејзината нога.
„Мојата лузна ми е лојален пријател, некогаш заборавам дека ја имам“, пишува на видеото.
Кајли гордо ја има покажано лузната неколкупати, но обично во рекламни кампањи. Нејзината лузна е можеби највпечатлива на фотката со Скот Тревис што ја красеше насловната на GQ во 2018-та година.
Во 2011-та година, Кајли сподели како ја добила лузната:
„Кога имав околу пет години, сестра ми Кендал и јас си игравме криенка, а за да се скријам влегов низ многу висока, малку подотворена порта. После некое време Кендал не ме најде, па почнав да се качувам на портата за да ја прескокнам. Но, се лизнав и една шипка од оградата ми влезе во ногата“.
Веројатно станувало збор за ужасна повреда, бидејќи скоро 20 години подоцна Кајли уште ја има големата лузна како потсетник. Истовремено, младата богаташка редовно добива позитивни коментари бидејќи одбива да ја скрие лузната и не ја гледа како несовршеност на нејзиното тело.
Спирова С. | Црнобело