Му го прости неверството и сега сакаат второ дете – Клои Кардашијан и Тристан замрзнале ембриони
- Детали
- среда, 10 март 2021
Клои Кардашијан и Тристан Томпсон замрзнале ембриони бидејќи сакаат уште едно дете, но пандемијата ги натерала да ги одложат плановите.
Во неодамнешно интервју, 36-годишната Клои Кардашијан откри дека со Тристан се подготвувале за уште едно дете и затоа замрзнале ембриони. Но, поради пандемијата морале да ги одложат плановите.
„Открив дека моите јајце клетки не се доволно силни за да бидат замрзнати. Затоа, мораше да направиме ембриони кои ги замрзнавме“, открива ријалити ѕвездата.
„И тогаш, се случи пандемијата. Ако ви треба помош да останете бремени, предизвикот станува уште поголем среде пандемија. Велат дека ако сакате Бог да се насмее, кажете му ги вашите планови. Па, кога јас почнав да го планирам ова, Бог како да ми рече дека не може“, се шегува Клои.
Таа додава и дека сака нејзината ќерка Тру да порасне со многу браќа и сестри – исто како неа.
„Планот ми беше да имам повеќе деца на блиска возраст. Но со пандемијата и сè што се случува поради неа, морав да го одложам планот. Дефинитивно сакам повеќе деца. Имам многу браќа и сестри. Мислам дека е вистински благослов, особено во овие времиња, да имате член од семејството или луѓе со кои можете да се дружите и на кои можете да се потпрете“, вели Клои.
Во трејлерот за последната сезона од шоуто на Кардашијанс, Клои и Тристан зборуваат за дете од сурогат мајка, а минатиот месец извор близок до парот сподели дека им е приоритет да добијат уште едно дете. Сега Клои го потврди сето ова.
Клои ја роди Тру во април 2018-та, а нејзиниот татко е Тристан. Клои и Тристан ја почнаа бурната врска во 2016-та, а извесен период беа разделени поради неговите неверства. Сега тие се обидуваат да ги надминат проблемите, но и да го прошират семејството.
Спирова С. | Црнобело