Порно актери - Мидлтон?!
- Детали
- понеделник, 09 мај 2011
Братот и сестрата на британската принцеза Кејт Мидлтон, добија понуда од американската продукциска куќа Vivid entertainment да бидат...
... актери во порно филм. На Пипа и понудиле 5 милиони долари за само една секс сена. Таа добила писмо од директорот на Vivid entertainment – Стивен Хирш, во кое тој и упатил комплименти за нејзиниот изглед и изразил желба да остварат соработка на обострана корист. Пипа е позната по нејзините луди журкања, а некои фотографии неодамна се појавија на интернет.
23 годишниот Џејмс исто така добил понуда да се појави во порно фил за милион долари. Неговите разголени фотографии предизвикаа големо внимание на островската јавност. На една од фотографиите Џејмс позира гол, а на другата е облечен како жена.
Изгледа дека британското кралско семејство никогаш порано немало поинтересни роднини.