Кога мислиме на „најфит“ татко во паркот, мислиме на татковци како Орландо Блум (фото)
- Детали
- четврток, 04 март 2021
На одморот на Хаваи со свршеницата Кети Пери и нивната ќеркичка, Орландо Блум (44) покажа дека е во топ форма и татко за медал.
Орландо Блум беше фотографиран како ја шета 6-месечната ќеркичка Дејзи за време на одморот на Хаваи.
44-годишниот актер ги покажа своите мускули во спортски аутфит. Неговиот изглед зачинет со нежноста и вниманието кои ги прикажува кон својата ќеркичка дефинитивно го прават еден од најпривлечните татковци во Холивуд.
На одморот на Хаваи е и свршеницата на Орландо, Кети Пери.
Орландо за својата ќеркичка вели: „Јас константно зборувам со неа и ѝ пеам, најмногу ѝ го кажувам зборот ‘тато’ затоа што сакам да каже ‘тато’ пред што било друго“, изјави Блум во едно неодамнешно интервју.
Фотки од одморот на Хаваи:
С. С. | Црнобело