Актерката од Queen’s Gambit сега е русокоса – во секси тоалета и накит од $1 милион прими Златен глобус
- Детали
- понеделник, 01 март 2021
Маестралната улога на Бет Хармон ѝ донесе Златен глобус – за најважната вечер во кариерата, русокосата Ања Тејлор Џој (24) одбра Dior Haute Couture фустан со длабоко деколте и дијамантски накит.
Актерката Ања Тејлор-Џој одлично се снајде во улогата на шахистката Бет Хармон во лимитираната серија The Queen’s Gambit.
Извонредната серија доби Златен глобус, но и Ања за маестралниот актерски придонес ја доби својата најзначајна награда – Златен глобус.
Доделувањето на наградите Златен глобус 2021 се одржа виртуелно, а на видео-конференцијата актерите можеа да се забележат во елегантни тоалети и одела, или пак во домашна облека.
За нејзината досега најважна вечер во кариерата, Aња мамеше воздишки во сосема поинакво издание од она во кое ја запознавме во улогата на Бет Хармон.
Сега Ања е русокоса, а беше облечена во Dior Haute Couture тоалета, со зелена боја и длабоко деколте. Нејзиното тело беше „накитено“ со дијаманти од Tiffany & Co. во вредност од преку 1 милион долари.
Нејзиниот стилист објави видеа од „зад сцената“:
М. М. | Црнобело