Лубутинките на суд
- Детали
- четврток, 05 мај 2011
Модната куќа Ив Сен Лорен ќе одговара на суд заради чевлите со црвен ѓон, дизајн кој е заштитена марка на чевлите на Лубутин. Кристијан Лубутин...
...ќе бара оштета од најмалку милион долари за украдениот дизајн, а тужбата веќе е покрената на врховниот суд во Менхетен.
- Господинот Лубутин прв се сети да го користи црвениот ѓон во женските обувки – велат од компанијата Лубутин. Од YSL немале никаков коментар.
Колкави се шансите да се забрани користењето на црвениот ѓон кај сите производители на чевли, не знаеме. Сепак, заради фактот што тие се заштитена марка веќе 20 години дава на големо значење.
Идејата за црвенот ѓон потекнува од 1991 година кога дизајнерот се фасцинирал од црвениот лак на ноктите на жените – тогаш се одлучил сите ѓонови да ги фарба во крваво црвена боја.
Џенифер Лопез дури има и песна "Louboutins" каде вели: "Watch these red bottoms and the back of my jeans. Watch me go. Bye, baby."