Џанлука Ваки (53) со емотивна објава за 26-от роденден на саканата: „Не бев свесен каков благослов ми прати Бог“
- Детали
- понеделник, 01 февруари 2021
Џанлука Ваки не штедеше зборови за да ѝ изрази емоции на својата сакана. „Те сакам моја Кралице, повеќе од вчера, помалку од утре...“
Вчера (31.01) партнерката на Џанлука Ваки (53) го прослави својот 26-ти роденден. Шерон Фонсека славеше со својот сакан со розова торта и балони, а присутна беше и нивната ќеркичка Блу Јерузалема Ваки.
Џанлука објави фотка од прославата и ѝ посвети емотивна објава на Шерон:
„Првпат се сретнавме пред 3 години и 10 дена и сѐ уште не бев свесен каков благослов ми прати Бог на патот. Денес ја имаме Блу Јерузалема и во нашето семејство љубовта расте секој ден. Те сакам моја Кралице, повеќе од вчера, помалку од утре. Твој Џанлука“
И Шерон објави фотографии од роденденот и на сите им се заблагодари за желбите и пораките.
„Неверојатно сум благодарна за секоја секунда што ја одвојувате за да ни испратите љубов. Ви посакувам свет полн здравје, љубов и среќа.“
С. С. | Црнобело