Арчи е црвенокос на тато - Прва божиќна честитка од Хари и Меган Маркл во семејниот дом во Америка

Последно го помниме како бебе, а сега Арчи е потпораснато момче со црвена коса како тато – Меган и Хари објавија за првпат божиќна честитка откако се преселија во Америка, а семејната фотографија од нивниот нов дом ја направила мајката на Маркл.

archi-e-crvenokos-na-tato-prva-bozhikjna-chestitka-od-hari-i-megan-markl-vo-semejniot-dom-vo-amerika-1.jpg

Синот на принцот Хари и Меган Маркл има 1 ипол годинка, а откако се одвоија од кралското семејство, го немаме видено Арчи на официјалните портрети со останатите кралски членови.

archi-e-crvenokos-na-tato-prva-bozhikjna-chestitka-od-hari-i-megan-markl-vo-semejniot-dom-vo-amerika-05.jpgФотографија од крштевката на Арчи во јули 2019.

Ова е прва божиќна честитка на принцот Хари и Меган откако се преселија во Америка, а станува збор за илустриран семеен портрет.

archi-e-crvenokos-na-tato-prva-bozhikjna-chestitka-od-hari-i-megan-markl-vo-semejniot-dom-vo-amerika-03.jpg

На фотографијата може да се забележи дека Арчи, кој иако е уште мал, сепак личи на пораснато момче и изгледа ќе биде копија на тато, судејќи по црвената коса.

ПР-от на парот изјави: „Оригиналната фотографија од семејството беше направена во нивниот дом, овој месец, од страна на мајката на војвотката. Малата божиќна елка, како и домашно направените украси и декорации беа избрани од Арчи, а дрвото ќе биде повторно засадено по празниците.“

archi-e-crvenokos-na-tato-prva-bozhikjna-chestitka-od-hari-i-megan-markl-vo-semejniot-dom-vo-amerika-04.jpg

Во честитката Меган кажува дека во текот на 2020 тие направиле неколку донации како семејство – на организации кои им помагаат на бездомници, организации кои поддржуваат животни и други хуманитарни организации за едукација на деца во Уганда.

Минатиот Божиќ парот го помина во Канада, а моментално живеат во Монтесито.

archi-e-crvenokos-na-tato-prva-bozhikjna-chestitka-od-hari-i-megan-markl-vo-semejniot-dom-vo-amerika-02.jpg
минатогодишната божиќна честитка од Канада

 

Во ноември, Меган се отвори за спонтаниот абортус кој го доживеала летоска – нејзината емотивна исповед прочитајте ја ТУКА.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Хари беше претставен како зависник и нацист, а Вилијам беше златниот принц – Што ѝ претходеше на кав... Иако многумина ја обвинуваат Меган Маркл за влошените односи меѓу Вилијам и Хари...
Гордоста на тато: Еминем танцува со ќерката на нејзината свадба, мајка ѝ ја нема на семејните фотки Младоженецот по 9 години врска одлучил да ја запроси Хејли, ќерката на Еминем, н...
Меган Фокс првпат искрена за пластичните операции: „Трипати ги зголемив градите, сакам и поголем зад... „Првата операција ја направив на 21 или 22 години. Повторно направив операција к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg