„Моето бебе наполни 5 години“ - Ким Кардашијан му слави роденден на синот Сент
- Детали
- сабота, 05 декември 2020
Ким откри што прави секоја година на родендените на своите деца и со емотивна објава му го честиташе 5-от роденден на синот Сент.
Ким Кардашијан е мајка на 4 деца, а нејзиниот син Сент денес го слави 5-от роденден.
Таа му посвети емотивна објава на социјалните мрежи:
„Моето бебе Сент денес полни 5 години. Една од моите сродни души. Секоја година им правам интервју на моите деца и им ги поставувам истите прашања за животот.
Сент – Не можам да дочекам да видам како ќе пораснеш и како ќе ми одговориш на тие прашања во иднина и ќе направам споредба како ми ги одговараше на 5 години, а како кога ќе бидеш голем.
Знам дека забава со гости во автомобили на поминување не е идеална, но ова е наше време и ти си возбуден. Секогаш си толку ведар и носиш радост во мојата душа секој ден.
Секогаш ќе бидеш моето мало момче. Уживај во твојот роденден Сенти.“
С. С. | Црнобело