Ги надмина и светските ѕвезди - На само 16 години Чарли Д’Амелио е прв тиктокер со 100 милиони следбеници
- Детали
- вторник, 24 ноември 2020
Дури ни славните не можат да стигнат до толкава бројка на TikTok, но 16-годишната Чарли Д’Амелио успеа во тоа и стана првиот тиктокер со 100 милиони следбеници.
Младата девојка прослави за овој подвиг на Instagram Live, каде што изјави дека не знае како да реагира на целата ситуација. Се разбира, Чарли прослави и со неколку видеа на TikTok.
@charlidamelio A HUGE THANK YOU TO EVERYONE WHO HAS HELPED ME REACH 100 MILLION SUPPORTERS!!! AND ANOTHER HUGE THANK YOU TO @tiktok I LOVE EVERY ONE OF YOU!!! ??
♬ original sound - charli d’amelio
Некои од најпознатите луѓе на планетата тешко стигнуваат до оваа бројка на социјалните мрежи. На пример, Бијонсе има 155 милиони следбеници на Instagram, Џиџи Хадид има 60 милиони, а Ријана – 87 милиони, но на TikTok, 16-годишната Чарли е единствена со 100 милиони следбеници засега.
Инаку, неодамна младата тиктокерка се најде на мета на јавноста поради YouTube видео. Во видеото насловено „Вечера со семејството Д’Амелио“ се појавуваат нејзините родители и сестра ѝ Дикси, а специјален гостин е инфлуенсерот Џејмс Чарлс.
Но, разгаленото однесување на Чарли и нејзината сестра Дикси ја разочара јавноста, па видеото беше проследено со лавина негативни коментари:
„Ова семејство не ја заслужува славата“.
„Ова видео не е интересно, туку е засрамувачко“.
„Срамота е што родителите воопшто не прозбореа дека однесувањето на нивните деца е лошо“.
Ова ја чинеше Чарли многу – таа изгуби речиси 1 милион следбеници. Но, за само неколку дена таа не само што се врати во игра, туку и го сруши рекордот на TikTok.
Чарли првпат си направила профил во 2019 година и како повеќето нови корисници на TikTok, почна да објавува видеа со танцување. Откако сними видео танцувајќи на песната Renegade, таа брзо се прослави на социјалната мрежа.
Чарли паметно ги искористила петте минути слава и успеа да си ја зацврсти позицијата и да стане еден од најследените корисници на TikTok.
На почетокот од годината Чарли и семејството потпишаа договор со неколку големи компании, со тоа заработувајќи многу пари.
Според Forbes, само годинава Чарли заработила 4 милиони долари. Сепак, тиктокерот кој заработува најмногу моментално е Адисон Ре – во 2020 направила профит од 5 милиони долари.
Адисон се наоѓа веднаш зад Чарли кога станува збор за следбеници – има 68 милиони, а веднаш после неа е артистот за специјални ефекти Зек Кинг, со 52 милиони следбеници.
Погледнете и Има само 16 години и најмногу следбеници на TikTok - која е Чарли, најпопуларната тинејџерка на светот?
Спирова С. | Црнобело