Првото танцувачко видео со бебето: Џанлука Ваки ја шета ќеркичката и игра
- Детали
- сабота, 21 ноември 2020
„Еве сме. Малку по малку учиме. Тој едноставно не може да престане да ја гледа и таа се смирува кога тој ја држи. Исто така, почнувам да мислам дека наследила доста од неговиот карактер“, пишува Шерон Фонсека за својата ќерка.
Беше прашање на време кога Џанлука Ваки ќе го сними првото танцувачко видео со својата ќеркичка Блу Јерузалема Ваки, па сега се случи и тоа.
По само малку повеќе од 2 седмици од породувањето тој ја шета во количка заедно со неговите кучиња и во еден миг застанува за да танцува.
Италијанскиот милионер очигледно не ја изгубил смислата за забава и покрај родителските обврски.
Џанлука на Инстаграм објави дека го направиле првиот танц заедно:
Неговата партнерка пак Шерон Фонсека објави идлична семејна фотографија од тројцата:
„Еве сме. Малку по малку учиме. Тој едноставно не може да престане да ја гледа и таа се смирува кога тој ја држи. Исто така, почнувам да мислам дека наследила доста од неговиот карактер.“
С. С. | Црнобело