Славни парови кои се запознале на работното место (фото)

Сите знаеме дека поранешниот омилен славен пар Бред Пит и Анџелина Џоли се запознаа и вљубија за време на снимањето на Mr. & Mrs. Smith. По многуте перипетии оваа приказна немаше среќен крај, но се чини дека тој е возможен во други случаи.

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto-01.jpg

Кои славни парови се запознале на „работното место“?

Скарлет Јохансон и Колин Џоуст

Ова дефинитивно не било љубов на прв поглед. Кога Скарлет Јохансон, гостувала во популарното шоу Saturday Night Live во 2010 година, и за прв пат се запознала со комичарот, актер и писател на проектот, Колин Џоуст, и двајцата биле зафатени. Скарлет тогаш беше во брак со актерот Рајан Рејнолдс, а Колин во врска со актерката Рашида Џоунс. Никогаш не им паднало на памет дека еден ден ќе завршат заедно, иако се појавила мала доза на хемија меѓу нив во тој временски период.

Биле потребни уште „само“ седум години и повеќе случајни средби, кои редовно завршувале со евоцирање спомени од шоуто, за парот да започне да се забавува. Се верија во мај минатата година.

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto (3).jpg

Натали Портман и Бенџамин Милпје

Познатата актерка и професионалниот балетски танчар и кореограф од Франција се запознаа во 2011 година за време на снимањето на филмот Black Swan.

Двојката се венча во 2012 година и има две деца, синот Алеф и ќерката Амалија. Кога Натали ја прашале што е најважното што го освоила благодарение на филмот (алудирајќи на бројните филмски награди), таа одговорила со насмевка дека тоа нејзиниот сопруг, се разбира!

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto (1).jpg

Џон Леџенд и Криси Тајген

Тие се запознаа за време на снимањето на спотот за песната „Stereo“ во 2007 година. Поранешната манекенка и ТВ ѕвезда накратко го опиша тој ден, дека поминале 12 часа заедно снимајќи, таа полугола во долна облека, а тој во вечерен костум. На крајот од снимањето, Криси отишла до неговата хотелска соба да се збогува со пејачот пред да си замине. И од таа ноќ никогаш повеќе не се разделиле.

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto (2).jpg

Кирстен Данст и Џеси Плимонс

Актерската двојка се запозна за време на снимањето на хит-серијата „Fargo“, a Џеси ја опишал средбата многу романтично: „Погледнав во нејзините очи и видов прекрасно, слатко, љубезно, незаштитено човечко суштество. Веднаш се вљубив“. Започнаа да се состануваат во 2016 година, склучија брак во 2017 година и една година подоцна добија дете.

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto (7).jpg

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук

Гвен гостуваше во три епизоди во популарната ТВ-серија „Glee“ во 2014 година. Бред Фалчук беше еден од креаторите и продуцентите на овој популарен проект.

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto (4).jpg

Блек Лајвли и Рајан Рејнолдс

Иако филмот „Green Lantern“, на чие снимање се запозна парот во 2012 година доби доста лоши критики, љубовта помеѓу Блејк и Рајан се роди токму на овој филмски сет. Осум години и три деца подоцна, тие сè уште се среќно заљубени.

Slavni-parovi-koi-se-zapoznale-na-rabotnoto-mesto (5).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg