„Детето само ќе си го одреди полот“: Емили Ратајковски е бремена + прва прошетка со трудничкото стомаче (фото)
- Детали
- вторник, 27 октомври 2020
Емили Ратајковски со насловна на Vogue ѝ соопшти на јавноста дека е бремена, а кратко по откривањето на новостите, беше забележана на прошетка во Њујорк.
29-годишната Емили Ратајковски сподели дека го очекува првото дете. Vogue ексклузивно ја сподели првично веста, а таа се појави на насловна позирајќи во сатенски фустан.
Стомачето на Емили веќе се познава, а таткото на детето е нејзиниот 33-годишен сопруг – продуцентот Себастијан со кого е во брак од 2018-та.
Емили вели дека не сака да го знае полот на детето, и тоа од многу интересна причина. Во есејот што го напишала за Vogue, Емили вели:
„Кога со сопругот им кажуваме на пријателите дека сум бремена првото прашање речиси секогаш им е дали сакам момче или девојче. Ние сакаме да им одговараме дека нема да го знаеме полот на детето додека не наполни 18 и не ни каже самото“.
Емили вели дека повеќето ѝ се смееле за ова, но таа смета дека полот е многу повеќе од гениталиите со коишто ќе се роди детето. Наводно, таа сакала детето да се соочи со што е можно помалку полови стереотипи додека расте.
Кратко откако ги соопшти вестите за бременоста, Емили беше забележана и во Њујорк.
Таа носеше црн фустан со засеци од страните, низ кои ѕиркаше нејзиното стомаче. Комбинацијата ја дополнила со црвени високи чизми. Додека позираше, Емили не ја тргна насмевката од лице и постојано се држеше за стомачето.
Познатиот модел откри и дека е во 20-тата недела од бременоста, со фотка на Instagram.
Спирова С. | Црнобело