Само Џанлука Ваки го може ова: Полот на бебето го откри на екстравагантен начин со хеликоптер (видео)
- Детали
- вторник, 14 јули 2020
Тој танцува секој ден, живее во раскош на својот имот во Италија со 27 години помладата девојка, а сега во свој стил го откри и полот на бебето.
Џанлука Ваки има многу пари, но и дефинитивно знае како да ужива во нив.
По прошетката низ неговиот италијански дом, тој сега повторно дозволува да ѕирнеме во луксузите од неговото секојдневие.
Овојпат со својата девојка Шерон Фонсека го објавија откривањето на полот на нивното дете. И додека повеќето ова го прават со балони, тие го направија со испуштање на прав од хеликоптер во розова боја, што значи италијанскиот бизнисмен очекува ќерка.
Видео од екстравагантното откривање на полот на детето на Џанлука:
С. С. | Црнобело