Гал Гадот и уште 7 познати личности кои служеле војска
Боб Рос
Знаевте ли дека военото искуство го инспирирало Боб да почне да слика? На само 18 години тој станал дел од Воздушните сили, а во поголемиот дел од времето бил стациониран во Алјаска.
Овде, пак, имал можност да посетува часови по сликање.
Тој станал и подофицер, а се пензионирал во 1981.
Елвис Присли
Во 1957, Елвис бил регрутиран во Армијата на САД, и тоа во период кога бил навистина славен.
Иако му понудиле полесни позиции, Елвис одбрал да биде војник. Подоцна станал и подофицер, а тој период почнале неговите проблеми со дрогата.
Кога завршил воениот рок, тој ѝ се вратил на музиката, но зависност со дрогата станувала сè полоша.
Хју Хефнер
Сите го знаевме Хју како основач на Плејбој, но и тој бил дел од Армијата на САД.
Хју работел на воените весници и бил дел од армијата од 1944 до 1946, во периодот на Втората светска војна.
Гал Гадот
Гал Гадот е суперхерој и на екран, и во приватниот живот.
Гадот била дел од Израелските одбранбени сили две години, каде што била инструктор по борење.
Актерката има изјавено дека службата во војската ѝ помогнала да научи многу за дисциплината и почитта.
Спирова С. | Црнобело