Скап подарок за Ноле
- Детали
- петок, 11 февруари 2011
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ неодамна во Женева ја посетил фабриката за часовници - Odemar Pige. Додека косопственикот на Odemar Pige...
...Пјер Ботинели, размислувал како да го придобие менаџментот на Ноле да потпишат спонзорски договор, Новак го користел времето за да ја прошета фабриката и да се запознае со начинот на производство на овие луксузни часовници.
Тој бил заедно со својата долгогодишна девојка Јелена и им фатил окце еден модел од серијата „concept”.
Љубезните домаќини му подариле еден од овие часовници изработен од титаниум и керамика кој чини 265.000 евра!
Ноле на љубезните домаќини им се реванширал поклонувајќи им го рекетот со кој го освои Australian Open.