Славни мајки кои успешно ја криеја бременоста од јавноста
Ева Мендез
Медиумите знаеја дека Ева и сопругот Рајан Гослинг редовно шетаат со нивните кучиња. Но, во 2014-та, прошетките одеднаш престанаа. Тогаш почнаа и гласините.
Во текот на тајната бременост актерката двапати се појави во јавност, но со облека што одлично го криеше нејзиното стомаче. Притоа, многумина забележаа дека актерката како да си го крие стомакот со чантата што ја носи.
И во двете бремености, Ева носеше широка облека која одлично ја прикриваше нејзината бременост.
Адел
И Адел и нејзиниот тогашен партнер Сајмон Конеки беа дискретни во врска со бременоста, па јавноста се надеваше на фотографии од папараците.
Сепак, и покрај нивните обиди, Адел успеа да го скрие фактот дека е бремена.
Светот дозна за нејзината бременост во јуни 2012-та, а синчето се роди во септември истата година.
Клое Кардашијан
Иако во 2018-та бременоста на Клое беше јавна тајна, таа не го потврди тоа.
Во текот на бременоста таа носеше широка облека, а дури неколку месеци после породувањето почна да споделува фотографии од детето.
Подоцна Клое сподели дека не сакала да открива дека е бремена за да не го оттргне вниманието од сестра ѝ Кајли, која исто беше бремена тој период.
Зое Салдана
Актерката и сопругот веќе имаа близнаци, кога во 2016-та Зое изјави дека очекуваат трето дете. Но, тогаш немаше ниту една фотографија од бремената актерка.
Дури подоцна, во едно интервју, Зое изјави дека не зборувале за бременоста и нема фотографии од истата бидејќи одбрале алтернативен метод за зачнување. Најверојатно мислела на сурогат мајка.
Спирова С. | Црнобело