Славни мајки кои успешно ја криеја бременоста од јавноста
- Детали
- вторник, 25 февруари 2020
Бременоста е возбудливо искуство за секоја жена, но и навистина голем предизвик.
Поради тоа, не треба да нè чуди што многу славни жени сакаат да го направат овој период што е можно поприватен.
Навистина е импресивно да успеете да скриете цела бременост кога сте јавна личност, но следниве мајки го направиле тоа:
Ана Курникова
Во 2017-та, руската тенисерка и партнерка на Енрике Иглесијас остана бремена со близнаци.
И таа и пејачот не ги споделија новостите со јавноста, но почнаа да се појавуваат гласини. На социјалните мрежи, Ана објавуваше само фотографии од нејзиното лице, а многумина беа сигурни дека таа и пејачот најмиле сурогат мајка.
На крајот на истата година, Ана и Енрике добија близнаци, но почекаа пред да објават фотографија.
Во 2018-та Ана ги замолкна гласините за сурогат мајка, откако објави фотографија од нејзината бременост.
Интересно е што лани се појавија нови гласини за бременоста на тенисерката, кои беа потврдени со нејзиното породување во јануари годинава.
Кајли Џенер
И покрај тоа што е дел од најпознатото семејство, младата бизнисменка успеа да ја скрие нејзината бременост.
Кајли „исчезна“ неколку месеци и не се појавуваше во јавност, а ова ги натера сите да шпекулираат за можна бременост.
Тој период таа беше со раперот Тревис Скот, кој ги негираше сите гласини.
Кајли објави фотографија од нејзината бременост долго откако се роди Сторми, а нејзините пријателки изјавија дека криењето на бременоста било многу тешко.
Рејчел Мекадамс
Американската актерка е уште една жена која реши да ја скрие својата бременост.
Исто како Кајли, и таа се повлече од јавноста, па дури и ја испушти премиерата на нејзиниот филм „Game Night“.
Актерката имаше 39 години кога одучи да го има првото дете, па нормално е што овој период сакала малку приватност и време за себе.
Камерон Диаз
Познатата актерка го роди своето прво дете на 47-годишна возраст.
Јавноста беше навистина изненадена, најмногу поради изјавите на Камерон дека мајчинството не ѝ е приоритет. Сепак, актерката велеше дека е отворена за можноста.
Иако папараците направија неколку фотографии од бремената Камерон, таа ја сподели веста дури во јануари 2020-та.
На Instagram, актерката не објави фотографија, туку само соопшти дека таа ѝ сопругот станале родители на девојче со име Редикс Маден.