Од мал носел облека од мајка му, Крис го стопирала процесот – Трансформацијата од Брус во Кејтлин Џенер
Зафатен период
Во 1980-тите, Брус бил навистина зафатен. Постојано имал интервјуа, јавни појавувања и работа на телевизија.
Имал кратко појавување на серијата „California Highway Patro“l, а снимил и епизода за серијата „Murder She Wrote“.
Интересно е што размислувал и да се пријави на аудиција за улогата на Супермен, која подоцна ја доби легендарниот Кристофер Ривс.
1980-ти: Почеток на транзицијата
Во доцните 1980-ти, Брус конечно ја започнал транзицијата со хормонска терапија. Од хормоните почнале да му растат и гради.
Планот му бил да ја заврши трансформацијата пред да наполни 40 години.
Крис Џенер и напуштање на желбата
Кога ја запознал и кога се вљубил во Крис Џенер, одлучил да ја напушти желбата за транзиција, па дури и ги отстранил градите.
Сепак, морал да ѝ ја објасни ситуацијата на Крис, бидејќи кога се запознале веќе имал гради.
Кога се запознале со Крис, таа веќе беше разведена од Роберт Кардашијан, а Брус немал скршен денар.
Правило во бракот: Нема носење женска облека по дома
Крис и Брус се венчаа во 1991-ва.
Крис веднаш почнала да го прави она што го знае најдобро – да привлекува внимание и медиуми и да почне да заработува од тоа. Таа му била како менаџер на Брус, а му поставила и правило – нема носење женска облека дома.
2003: Раѓањето на ријалити ѕвезда
Во 2003-та беше снимана првата сезона од американската верзија на реалното шоу „I’m a Celebrity, Get Me Out of Here“.
Брус учествуваше во шоуто и одлично си ја одигра улогата.
Но, Крис очигледно сакала нешто поголемо.
2007: Keeping Up With the Kardashians
Крис Џенер му ја кажала идејата за реалното шоу на Рајан Сикрест.
Реално шоу за навидум богато семејство, каде што членовите постојано одат во шопинг, се расправаат и се вљубуваат – идејата била рецепт за успех.
Крис конечно ги добила славата и богатството за кои отсекогаш сонувала.
Ким ја открива неговата тајна
Кога имала околу 25 години, Крис го „фатила“ Брус во гаражата облечен како жена.
„Истрчав оттаму и се спакував многу брзо, се тресев, ѝ се јавив на Кортни и ѝ реков дека морам да го поминам викендот со неа.“
2015: Нема враќање назад – Интервјуто со Дајен Соер
Во 2015-та, Брус, сега веќе Кејтлин, реши да ѝ ја открие својата тајна на репортерката Дајен Соер.
На интервјуто, Кејтлин зборуваше за нејзиното детство, нејзиниот срам, нејзините надежи и соништа.
Според неа, транзицијата било најтешкото нешто што го направила, дури потешко и од Олимписките игри.
Репортерката го покажа своето сочувство, но целиот свет беше шокиран.
„Викајте ме Кејтлин“
Кога Кејтлин се појави на насловната на Vanity Fair со натписот „Викајте ме Кејтлин“, целата ситуација стана премногу реална. Во тој број на списанието беше раскажана драматичната животна приказна на Кејтлин.
Во јавноста, Кардашијанс ја понудија целата своја поддршка за Кејтлин.
Во 2017-та, Кејтлин направи и операција за промена на полот.
2019: Желба за мајчинство
Софија Хачинс има 20-тина години и е трансродов модел. Таа ѝ е пријателка, а според некои и девојка на Кејтлин.
Кејтлин изјави и дека сака да стане мајка, најверојатно со сурогат, но многумина не знаат дали Кејтлин и Софија воопшто се пар за да планираат семејство.
Уште едно учество во „I’m a Celebrity“
Кејтлин повторно учествуваше во реалното шоу „I’m a Celebrity, Get Me Out of here“. Таа стигна до 20-тата епизода, пред учесниците да изгласаат да си замине.
Но, кога си заминуваше, ниту еден од семејството не дојде да ја пречека.
Кејтлин беше во солзи и иако можеби ја нема поддршката на семејството, социјалните мрежи ја заземаа нејзината страна.
Спирова С. | Црнобело