Од мал носел облека од мајка му, Крис го стопирала процесот – Трансформацијата од Брус во Кејтлин Џенер
- Детали
- сабота, 22 февруари 2020
Кејтлин Џенер отсекогаш знаела дека треба да биде жена.
Уште од најрана возраст ги облекувала алиштата на мајка си и имала чувство дека е „поразлична“.
Во средно, Брус бил фудбалер со девојка. Но, подоцна се повредил па засекогаш се откажал од спортот.
Ова не го спречи да освои олимписко злато, но неговата тајна желба никако не си заминувала. Брус сакал да биде жена.
Веќе до 1980-тите, таканаречениот „Најдобар атлет во светот“ земал хормонална терапија и ја започнал трансформацијата.
Но, сè запрело кога во неговиот живот дошла Крис Џенер. Конечно, во 2015-та, Брус ја откри својата тајна и оттогаш за светот Кејтлин Џенер.
Погледнете како изгледало „патувањето“ на Кејтлин:
Обично дете кое ја сакало облеката на мајка си
Роден во октомври 1949-та во Њујорк, Вилијам Брус Џенер бил среќно дете, но со голема тајна.
Уште од 8 или 9-годишна возраст, тој скришум ја носел облеката на мајка му или сестрите.
Облеката секогаш ја враќал на точно истото место, за никој да не дознае.
Популарен средношколец
Во средно, Брус бил среќен и популарен ученик. Имал девојка и играл фудбал.
Но, тајното носење женска облека продолжило.
Срамот од ова однесување го натерало да стане спортист, надевајќи се дека ќе се ослободи од навиката.
Девојката во средно
Мишел Росентал била девојката на Брус во средно.
Кога слушнала за неговата транзиција, била навистина шокирана:
„Никогаш не би помислила на тоа, а го знам уште од средно. Кога излезе веста… мислам дека сите беа шокирани.“
Промена на спортската кариера
После средно, Брус си го повредил коленото и ова го спречило да игра фудбал.
Тогаш, со поддршката од неговиот тренер Џек Паркер, Брус ѝ се посветил на атлетиката. Останатото е историја.
Првата сопруга знаела за неговата тајна
Брус беше во брак со Кристи Кроуновер од 1972 до 1981. Уште во првата година од бракот, тој ѝ кажал дека сака да биде жена.
Штом поминал шокот, Кристи веројатно се надевала дека ќе може да го промени.
Парот има две деца – Бурт и Касандра. Според Кристи, признанието на Брус не предизвикало проблеми во бракот.
1976: Од повреда до олимписко злато
1976-та беше златна година за Брус Џенер - тој освои златен медал на Олимписките игри и стана американски херој.
Но, никој не знаел за битката што ја водел со себе.
Градење имиџ
Една од причините зошто Брус продолжил да ја чува својата тајна е сите подобности што ги добивал после учеството на Олимписките игри.
Неговата фотографија се најде и на насловната на Sports Illustrated, па јасно е зошто не сакал да се откаже од целото внимание што го добивал.
Многу лош обид за филм
Во 1980-та Брус се појави во многу лош филм за бендот The Village People, со наслов „Can’t Stop the Music“.
Повеќето од членовите на бендот се геј, а нивните песни YMCA и In the Navy неретко се сметаат за химни на хомосексуалците.
Брус, се разбира, не е дел од бендот, но се појави во филмот со кратки панталони и кроп-топ маичка.
Втор брак
Кога Брус се натпреваруваше на Олимписките игри, Линда Томпсон му беше девојка на Елвис Присли. Тие заедно го гледале преносот од игрите и навивале за Џенер.
Пет години подоцна, Брус се венчаше со Линда.
Повторно откривање на тајната
Децата на Линда и Брус, Брендон и Броди, денес се пораснати и живеат со мајка им Линда.
Брус, пак, чекал цели три години пред да ѝ ја открие својата тајна на Линда. Таа не била отворена колку Кристи и се плашела дека синовите ќе го изгубат татко им во транзицијата.