Познати личности кои без проблем носат евтина облека (и изгледаат неверојатно)
- Детали
- вторник, 18 февруари 2020
Навикнати сме да ги гледаме познатите со луксузна облека од најпознатите модни брендови.
Но, изгледа времињата се менуваат, па сè повеќе славни одбираат многу поевтина и лесно достапна облека.
За некои пригоди, популарните актерки, пејачки и модели не трошат илјадници долари за облека и го одбираат она што им е најудобно.
Со тоа докажуваат дека не треба да потрошите цело богатство за да изгледате беспрекорно.
Погледнете ги познатите кои без проблем носат евтина облека:
Емили Ратајковски
На фотографијата лево, Емили носи Zara фустан од 49 долари, а десно, Rat & Boa фустан од 50 долари.
Кралицата Летиција
Кралицата изгледа прекрасно со Zara фустан од 20 долари.
Кели Озборн
Кели одбрала H&M фустан од 36 долари.
Зендеја
На фотографијата лево, Зендеја носи Daya фустан од 36 долари, а десно Macy’s фустан од 31 долар.
Дајен Кругер
Костимот на Дајен е од Forever 21 и чини 44 долари.
Кајли Џенер
И покрај тоа што има огромно богатство, младата Кајли нема проблем да се појави во фустан од PrettyLittleThing, кој чини 42 долари.
Меган Маркл
Лево, Меган носи фустан од Marks & Spencer кој чини 66 долари, а десно носи фустан од Aritzia кој чини 47 долари.
Мила Јовович
Кошулата на Мила чини само 19 долари, а си ја купила од Forever 21.
Ема Робертс
Фустанот лево е од Topshop и чини 53 долари, а на фотографијата десно, Ема носи Everlane фустан од 46 долари.