Познати личности кои се појавиле на Оскарите со нивните мајки
Бредли Купер со мајка му и Ирина Шајк на Оскарите минатата година
Минатата година, кога имаше номинација за „A Star is Born“, Бредли вторпат ја однесе мајка си на Оскарите.
Мајка му го придружуваше и на Оскарите во 2014-та, кога беше номиниран за улогата во „American Hustle“.
Марго Роби и мајка ѝ на 90-тото доделување на Оскарите
Во 2018-та, Марго беше номинирана за најдобра актерка за улогата во „I, Tonya“ и на доделувањето отиде со мајка ѝ.
Марго беше номинирана и годинава, за улогата во „Bombshell“.
Хавиер Бардем со мајка му и брат му
Во 2008-ма Хавиер стана првиот шпански актер кој добил Оскар, и тоа за улогата во „No Country for Old Men“.
На доделувањето го придружуваа мајка му и брат му, а во говорот изјави:
„Мамо, ова е за тебе. Ова е за твоите баба и дедо и твоите родители. Ова е за комичарите од Шпанија, кои како тебе ѝ дадоа гордост на нашата професија. Ова е за Шпанија и ова е за сите вас.“
Метју Меконахи со сопругата и мајка му
Кога Метју доби Оскар за „Dallas Buyers Club“, на настанот присуствуваа најважните жени во неговиот живот – сопругата и мајка му.
Како Хавиер, и тој го искористи говорот за да ѝ се заблагодари на мајка му.
Џаред Лето со мајка му и брат му
Во 2014-та, истата година како Метју, и Џаред си заработи Оскар за истиот филм.
На доделувањето тој отиде со мајка му и брат му, кој е тапанар во неговиот бенд Thirty Seconds to Mars.
Мајли Сајрус и мајка ѝ во 2010-та
Во 2010-та, познатата пејачка присуствуваше на Оскарите со нејзината мајка Летисија.
Летисија е менаџерот на Мајли, но и продуцент на нејзините филмови „The Last Song“, „LOL“ и „So Undercover“.
Тимоти Шаламе и мајка му
На само 22 години, Тимоти си заработи номинација за најдобар актер за улогата во „Call Me by Your Name“. На Оскарите се појави со мајка му.
Во едно интервју тој изјави:
„Буквално не би биле овде без нашите мајки“
Мајката на Леонардо ди Каприо е редовен гостин на најголемите холивудски настани
Леонардо првпат ја зема мајка му со себе во 1994-та, на доделувањето на Златните глобуси. Оттогаш, таа е редовен гостин на речиси сите важни манифестации.
Леонардо беше придружуван од мајка му и на Оскарите кога победи во категоријата најдобар актер во 2016-та.
Во едно интервју, тој изјави дека ја носел мајка му бидејќи таа го носела на сите аудиции и ги слушала неговите детски соништа.
Спирова С. | Црнобело