Познати личности кои се појавиле на Оскарите со нивните мајки
- Детали
- сабота, 15 февруари 2020
Најчесто, познатите одат на важните манифестации со нивните партнери. Но, одвреме-навреме, некој одлучува да ја понесе својата мајка.
Погледнете кои познати отишле со својата мајка на најважниот настан во нивниот живот:
Хоакин Феникс и мајка му на овогодишните Оскари
Покрај вереницата Руни Мара, на 92-рото доделување на Оскарите Хоакин ја однесе и неговата мајка.
Токму на ова доделување Хоакин си доби Оскар.
Претходно, актерот имаше 3 номинации, за улогите во „The Master“ (2012), „Walk the Line“ (2005) и „Gladiator“ (2000).
Лора Дерн и нејзината позната мајка Дајен Лад
И Лора годинава си доби Оскар, а на доделувањето присуствуваше со мајка ѝ.
Дајен Лад е позната актерка и се има појавено во многу филмови и серии. Всушност, и самата има 3 номинации за најдобра споредна актерка, и тоа за „Alice Doesn’t Live Here Anymore“ (1975), „Wild at Heart“ (1991) и „Rambling Rose“ (1992).
Киану Ривс и мајка му на Оскарите
Јавноста за момент помисли дека мајка му на Киану, Патриша Тејлор, му е девојка. Патриша е позната личност во Холивуд и има соработувано со ѕвезди како Алис Купер и Доли Партон.
Флоренс Пју ја покани мајка ѝ на Оскари 2020
Англиската актерка Флоренс оваа година беше номинирана за улогата во „Little Women“.
Наместо нејзиното момче Зак Браф, таа реши да се појави на Оскарите со нејзината мајка.
Шарлиз Терон и мајка ѝ
Шарлиз доби Оскар за најдобра актерка во 2003-та, а имаше номинација и оваа година. На настанот дојде со нејзината мајка Герда.
Шарлиз доаѓа од нефункционално семејство и денес отворено зборува за тоа дека мајка ѝ го застрелала татко ѝ во самоодбрана, кога актерката имала само 15 години.
За среќа, лошите денови се зад нив и на Оскарите изгледаа прекрасно.
Мајкл Б. Џордан и мајка му на Оскарите во 2019-та
Ѕвездата од „Black Panther“ ја прослави неговата голема ноќ со мајка му Дона.
Џордан е близок со неговите родители и во 2018-та изјави дека сè уште живее со нив и се како цимери.
Денес актерот не живее со родителите.
Дев Пател ја однесе мајка му на Оскари 2017
Светот дозна за Дев Пател после маестралната изведба во „Slumdog Millionaire“ од 2009-та.
На 89-тото издание на Оскарите тој имаше номинација за улогата во „Lion“, а на манифестацијата отиде со мајка му.